ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

автор: Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.

Понекогаш…

ponekogas

Понекогаш, пред да заспијам, го запирам времето како што го правев тоа некогаш. Датумот е различен, причината иста. Сеуште уживам во секој миг поминат со тебе, далечна, но сепак блиска за мене. Прикриена позади каменот во моето срце, една и единствена. Понекогаш, кога спијам, те сонувам тебе како што те сонев некогаш. Сонот е различен, ти си иста. Сеуште со прстите ја милувам твојата коса, толку дива, но сепак нежна за мене. Те гушкам под ѕвездите, таму на небото, една ... повеќе »

На шанкот

na shankot

Пригушлива атмосфера, тивка музика и празно столче измеѓу мене и неа…. Двајцата потпрени на шанкот, ко прваче кревам два прста и шанкерот веднаш знае што треба. Далеку од сите а толку блиску до неа… Невидлива бариера меѓу нас која полека исчезнува со секоја помината минута... повеќе »

Неспокој

Full_Moon_Night_by_TheTrueAngel

Празни луѓе, полна месечина. Осамен талка, изгубен во темнината, заробен во сонот, само месечината, му ги гледа солзите. Во цигарата и дождот го бара својот мир. Димот од цигара исчезнува, како душата, за миг, вкусот се врежува, длабоко, преку секое сетило. Мирисот на полноќен дожд... повеќе »

Пријателски

20101023225703_7

Пријателе, Кога љубовта ќе замине таму некаде… кога судбината ќе ти наплати испивајќи ја последната капка среќа… тогаш, тогаш останува нејзиниот сладок мирис на парфем скриен длабоко во мислите и спомените. Наутро штом се пробудиш прошарај со очите околу тебе, ќе видиш дека останал само креветот што изгледа толку поширок со никој до тебе… Горкиот вкус на првото кафе испиено без вообичаен муабет и полна пепељара што никој не ја чисти бидејќи Она е доволно далеку да не и смета ... повеќе »

Као…

Anti-Valentines-Day-Metal-Playlist

Вчера као да сањав нешо као денес е валентајн и као демек не е трифун… Као пијам утринско кафе спремено од тебе и као лежиш ти до мене… Као ја и ти сме заедно и као Тој и Таа никад не ни биле у нашите животи… Па као демек слепо веруваме у нас и секој заеднички ден као да е приказна за себе… Те гушкам најсилно као да е задњи момент од мојот живот и као да викам фала на ... повеќе »

Неостварен сон

IMG_0479v

За еден миг ќе создадам стихови за тебе од дното на душава ќе ти кажам те љубам, немоќен сум против тебе. За еден ден ќе бидам покрај тебе, најблиску до небото ќе ти го покажам мојот облак, од каде црпам љубов за тебе. За една недела ќе се разбудам покрај тебе, најблиску до сонот ќе бидам среќен, совршено утро, совршена ти. За еден месец нема да сум покрај тебе, длабоко во мислите ќе знаеш каде ми е срцето, кој ми ... повеќе »