ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Баба Марта курва

Баба Марта курва

Станувам…не глеам низ прозор, зашо знам дека е тмурно. Исто таков сум и јас. Од ноември до април тмурен сум под дифолт, и никако не успевам да направам рестарт на сетинзите. Јадам, мијам заби и утепуем уше една брзинска дремка потпрен на када. Облакам чорапи (два пара), ѕиври, маица, уште една маица, тенок блузон, дебел блузон или џемпер (во зависност од ситуација), фармерки, јакна, шал, капа, рукавици, чизми и едино нешо шо ме радува е тоа што ќе добијам комплимент дека сум се здебелил. А све тоа може да биде сто пути поедноставно да живеев во Австралија, на пример…

Не ми е јасно….како бе може да сакате снег и ладно?!? Деновиве планирам да заколам две бишенца, така до 20 кила, и да му принесам жртва на Амон Ра, па да се сожали, да ги услиши моите молитви и да пушти некој сончев зрак, зашо време му е. Јебала вас Баба Марта.

А па коа ќе размислам подобро…у Австралија ќе си шетав по апостолки, шортс и горе гол, ама шо па тие знаат за романтика? Кога у Австралија ќе ти рече девојка: „Ладно ми е…„ , па ќе ја гушнеш да ја стоплиш…они ја немаат таа фора. Шо викаат тамо? “Топло ми е, тргни се, ќе се сварам“…или, “Топло ми е, дојди да ме оладиш“? “Еј баш си жежок“. Дали имаат изрека: “Ми смрзнаа јајцата„?

Плус, многу е поекономично. Имаш една јакна и таа ти е за преку цела година. Факт е дека маиците се 2 пути поефтини од џемперите, и кратки пантолони од фармерки. И после у Аустралија ќе возат скупи коли. Е па ќе возат, со една јакна цела година. Или без јакна. Не фрлаш пари на капути, џемпери, чизми…пропала инвестиција. А кој ми е крив шо сум се родил тука.

Тоа е…сакав да го искажам својот револт кон ладното време и кон баба ми. Пошо задњиве две недели она е главен поборник да носам капут, а ја им се спротиставувам на овие -248 степени со пролетна јакна. Како награда, задњиве две недели кашлам ко пес, а си се тешам дека ми е од тутунот.

Али, иам план за следната зима. Ќе инсталирам десет кварцни греалки у двор, за да го топам снегот. А сите Снешковци во моја околина ќе ги пријавам во Министерство за животна средина и просторно планирање, како нелегални објекти и ќе поднесам захтев за нивно рушење, во спротивно ќе превземам радикални мерки и ќе ги употребувам врз нив моите кунг фу вештини.

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.