ќе пројде и петок, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Еготрип

Еготрип

Си апстинирам така ја пријателе од блог и десоцијални медиуми ко средношколец у секс преку школска година… кога оп, стиже пораче у инбокс. Два комада од верни читателки – загрижени зашто не пишуем. Плус сум бил закон у моите бладања.

Кога сум кренал тоа носот успон месеца.. па тоа его, па тоа самопоуздање.. брат да ѕвони на телефон, не му кревам! Кој го ебе – нижа класа.

Ја доживувам така мојата творечка екстаза едно пе-шес минути и гордо се курчам мафтајќи со носот во интергалактичките простори на свемирската бесконечност. Случајно матер му ебав на едно антенче и пола Европа снема сателитска..

Него пуста карма што ми направи – ме проголта црна дупка као поп сарма. Следно што се сеќавам е како седам на маса у аристократска кафана од пред едно 200 години.

Јебешга, што е тоа е. Него, незгодно вака, место фаќам со празна маса.

Конобар! Приџи ближе..

– Изволте господине.

Шо бе изволте, клошар еден ти ли ќе ме служиш?! Кој си бе ти?

– Оноре де Балзак господине, на ваша услуга.

Слушај, губи се и викај шефот. Одма!

Се затрча од карши едно кусо чоече со исполирана плочка “Шеф – Алан По”

– Повелете.

Така бе братми, малце респект за мене, а не да ме вреѓа кафанава со онаа комедија од човек. Пушти една Пелистерка – дупла!

Ме глеа со поткрената веѓа и не ми ја сфаќа фората.. па уште коа ми рече:

– Жалам неаме.

Како бе нема?!

Одма се присеќавам на едно бившо пријателче – битолчанче. Добро по душа, ама терсене табиет. Катиљ саможивосан искомплексиран –  нозе не мие ако не е од битолски водовод!

Ахх гаврани да те јадат! Чим нема, ништо не треба. Жеден ќе си умрам, ама Скопско не пијам!

И заминав..

Си ја барам среќата така со денови испод сонцето низ тие туѓи краишта и живо пиле не сретнав по моја мера. Кога оп! У далечината глеам едно дабче и жбунче од молика први комшии. Се затрчав, па кога сум се испружил под ладовината на тоа моликата.. мераци. Така него што!

Свој под своето.

Арно ама сонцево имало други планови за мене, задремав и више не се разбудив. Душата ми се успокои на жар.

До ден денес се вртат муабети во волчјите кругови дека битолска скара е најбоље…

п.с. извинување до фановите на лешкото што не беше спомнат уз великаните

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...