ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Ејприлајлајлај

Ејприлајлајлај

Никогаш не сум го сакал 1-ви Април.  Прво, поради тоа што увек го јадам и ме лажат, второ, поради тоа што ме нервира онаа дебилна стихотворба, песна или не знам како да ја наречам „априлилили„, трето затоа што мразам да се маскирам (дали три пути во живот се имам маскирано) не по моја воља, и четврто, што секогаш каснам кога сакам да му се осветам на некој шо ме излажал, па јадам и бонус „Април пројде – шамар дојде„.

Но, оваа година, ете, добив желба да се маскирам и да бидам дел од тој хепенинг. Желбата ќе ми остане неисполнета, а и ќе ми биде криво затоа што имав смислено феноменална маска. Маската, у ствари и не бара да и посветиш големо внимание, скоро ич.

Седнуваш на маса во некое локално кафанче со своите пријатели. Кога доаѓа конобарот, ја праиш онаа стандард првоаприлска глупа шега:  „2 Хенеси, 1 Џони блу, 2 Реми Мартел, а после донеси флаша Моет, па ако пиеме уште ќе ти нарачаме.„
У старт фацата на келнерот се претвара од благо мутава у весела, наслутувајќи го, кутриот, бакшишот што ќе го лапне од гостите што нарачуваат такви пијачки. И таман среќен ќе тргне накај шанкот да ја донесе таа прва тура, ти го сецкаш, му ја пееш одвратната песна „априлилили„ и нарачуеш литар „Смрделевка„ и литар „Пелистерка„, кај нас попознато како „литар-литар„ и постепено се маскираш во локален пијаница од маало, во мојов случај господин господин Рац.

Секоја маска е убава на свој начин, па така и оваа, плус што оваа си има и свои предности, а е и доста флексибилна.

1. Можеш да возиш кола со 2 промили алкохол у крв (него каде). Во случај да те застане цајкан, имаш оправдание дека си маскиран во Рац, а он има возено кола со 2 промили алкохол у крв. (Иако не сум баш сигурен дека Рац некогаш возел кола, ама тоа цајканот не го знае).
2. Можеш слободно да се клатиш по улица и никој ништо да не ти каже, затоа што, нели, таква е маската.
3. Можеш да легнеш и преспиеш на која сакаш клупа, и во случај некој нешто да те праша, маскиран си во просјак.
4. Ако си од оние „на трезно мисли – на пијано збори„ , можеш да и се стаиш на било која девојка, со изговор дека си маскиран во Дон Жуан, и што е најдобро, фората да ти успее.
5.Можеш да се исповратиш по фармерки и да влезеш у Хавана, без никој да те праша зашто фармерките ти се исповратени.

Овие 5 разлози мислам дека се доволни, да за 1-ви Април целокупната грижа за маскирање им ја препуштите на „Тиквеш Кавадарци„.

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.