ќе пројде и понеделник, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Године пролазе нервозним кораком

Године пролазе нервозним кораком

Пред  печеснаес  години ме запишаа у школо, у прво одделение, и као сеа се сеќавам. Колку бев возбуден  (ваљда истото чувство го има и секое прваче), колку се мислев како да се понашам, кои ќе ми бидат другари, до кого да седнам, дали ќе ми се смеат другарите што не знам да играм фудбал, која ќе ми биде учителка, дали ќе биде стара, млада, со плава коса, со црна коса, дали ќе биде лоша, добра, дебела, слаба…па дали ќе има некој како мојот ранец, нели, мојот беше најубав итн.

И све тоа помина, тамо у ствари видов деца шо живеат тука у комшилук, па и не беше така страшно запознавањето. Иначе, учителката ми се падна стара комуњарка пред пензија. Тоа е од оние учителки што мојата генерација ваљда последна ги фати, што кубеа за зулуф, маваа воспитни, чврги, итн. Моите дома слободно можеа, место со Трајанка (комшивката од која се плашеше цело маало) да ме плашат со учителката од прво до четврто.

Завршив прво, научив да читам, пишувам, научив нешто малце бон-тон, го збогатив мојот вокабулар колку-толку…стигнав второ….па трето…четврто…и си се дружев со едно другарче. Тоа е она другарче што татко ми ми го најде во паркот кај лулашките, коа си го возев моето противпожарно возило на акумулатор, пошто мене ми беше срам сам да си барам другари. Па завршив и четврто, па си плачевме шо се делиме од вештерката, и пак почнуваа оние детски проблеми, истите као и у прво, само сеа малце поозбилни, во поодминат стадиум. “Која ќе ми биде класна“, “слушнав дека е лоша“,“ леле што ќе правиме“, курац-палац.

Тогаш отприлика е и оној период (за кого како), кога почнуваш да се дружиш и со останатиот дел од класот, а не само со тоа рандом другарче шо си го упознал на лулашки. Ако не си веќе, почнуваш да се дружиш и со тие “криминалците“ од одделение, што кршат прозори, што се тепаат, па почнуваш и ти да правиш такви работи…па првото вадење пред табла, јадење шамари од класната, укори, срамови…па фаќање девојчиња за гз, прва љубов, физика, хемија…

И така, проблемите се повеќе и повеќе се зголемуваат. Ако у прво си мислел кој ќе седи до тебе, у четврто веќе мислиш дали во петто ќе ти биде потешко, а у шесто мислиш како ќе учиш физика и хемија во седмо и осмо. И додека трепнеш………..веќе си осмо.  Па најстар си у школо, па курчење, прва цигара, прва чашка алкохол, прво опивање. И тука веќе имаш сериозен проблем шо ти остануе цел живот.  Два пороци. Цигари и алкохол. Тие шо не пропушија и шо не се пропија, го направија тоа 2-3 години покасно. Покасно ќе си умрат, паметно…

Леле…па иде средно школо…шо да упишеш, како, заебана работа. Па ти вршат притисок од дома, караници, нервози…и упишуваш. Пак нова средина. Пак исти курац. Нови луѓе, нови предмети, нови професори, потешко…први неоправдани, прва опомена пред исклучување… а шо се однесуе до пиењето, веќе си искусна пијаница, па почнуваш да пробуваш нови ствари (среќа што јас пробував само 3-4 години)….и све се тоа проблеми…ама некако слатки проблеми.

Факс. FuckS! Е ова е веќе сериозно. Ова е веќе иднина. Тука веќе немаш класна, учителка…тука е све на тебе. Полагаш, паѓаш, квадрираш, заебуваш, па не ти иде, па се пребацуваш на друг, па паузираш…па се разочаруваш, па една година пиеш, искачаш, праиш глупости. И додека трепнеш си напунил дваескусур години. И све се тоа слатки маки….

Па почнуваш да волонтираш негде, да работиш нешто паралелно со студиите, а меѓу другото имаш девојка и супер врска што супер ти оди и све супер. И у еден момент, се фаќаш као пазариш у “Веро„ со девојка ти, со количка, и онака занесени си глеате по рафтови, кечапи, мајонези, павлаки, марули, зелки, зденки, млеко, леб… и оп те начекуе другар, баш у тој момент и цинички ти се смее под брк ти вика: “Готов си ти брат…печен…хихии„.

И, друже, кога почнуваш со девојката да разглабаш ептен сериозни теми за во иднина од типот: Заеднички живот, брак…деца, а до пред 2 години једини проблем ти било у кој кафиќ да се здрвиш, дали да се иде за викенд у „Македонска куќа„ или у „Златно грне„, па кај да се продужуе, дали у „Маракана„ или „Хавана„, тогаш сфаќаш како пролазе нервозним кораком године…

П.С. 1 Учителката од прво ја видов пред некој ден, коа купуев марули со девојка ми на Буњаковец.

П.С.2 Другарчето шо го запознав на љуљашки, сега е дипл. инг.

П.С 3 Тие “криминалците„ што почнав да се дружам со нив, се озбилни дечки, со сериозни планови за во иднина.

П.С 4 Класната од основно шо имаше најбоља цицка, сега има брчки околу цицки и е здртана.

П.С 5 Татко ми има 69 години.

П.С 6 Брат ми шо е помал од мене 8 години, упиша прво пред 10 години и веќе 5 години е активен мастурбатор, а и има пробано пиво.

П.С 7 Имам другари што се наставници во основно.

П.С 8 Испуштив да ти кажам за првото мастурбирање. Тоа ти е негде околу 4то, 5то одделение.

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.