ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
И ја сум жена

И ја сум жена

Си стануем едно сабајле, све е навидум сасвим обично.. сунце сија преку ролетни, испод прозор фрчи дупла 57ца, а комшијата стандард распалил бормашина.

Оптичка варка..

Тргам прекривач – шок!
Место утринска стројност, малиов климнал со глава. Што ли му е? Се вртам околу мене, ни трага ни глас од Клара моја. Фрлам поглед на масичето, нема утринско кафе. Одма ми се појавија прашалноидни ѕврчки што мутираат у знак за еднаквост.

Да бапнам една вода на лице, ваљда ќе се опоравам..

Влагам у купатило и ја глеам мојава се опружила на плочки, чачка нешто со алатот кај вентилот и цевките. Боже господе, па оваа е опседната од виши сили! Кога сум викнал колку што ме држи глас: Сатано, демону, алелуја, искачај.. топки!

Место злото да и ја успокои душата – се заврте и ми рече да си глеам работа и да не и кревам притисок од сабајлечки.

Ова немогуче да е реалност, мора да сањам!

Има само еден начин да проверам: Палам Интермец и гуглам Шерифович на фул скрин. Одма ми се превртеа црева и се покајав што неам превез за очи. Да имало господ – слеп ќе сум се родел!

Реалност е мајкуму..

И тогаш ми текна.
Денес да ти било 8ми – денот кога на бабами и никнаа бркови. Одма се репрограмирам у мод Бот со 3 етапи.

Етапа еден – Икебана

Палам патиките и трк до маалскиов пиљар што празничo по потреба се трансформира у билна аптека. Му викам дај 2-3 цута од поевтините и побрзо, жена ми се растапацирала по дома, мора да и стојам над глава пошто она нема сенс за бои.. плус ќе ми ја шљакне фотељата одма до наткасна и Фенг Шуи ќе се превртуе у гроб.

– Полека комши, како така?! Купување цвеќе не е шала. Тоа е како да бираш жена за озбилно. Повели, седни на столчево, па ќе те услужиме.

Си седнав на едно импровизирано шиљасто.. ај да не зборам, и ми шљакнаа под нос еден прашалник – чиниш пред европска комисија сум.

– Ајде сега, попуни го прашалников и на база на тоа ќе склопиме едно икебанче.

Каков прашалник јеботе?! Читам и не ми се веруе..
Колку пати си ја опцул, со какви животински епитети си ја скрасил, дали има честа главоболка пред љубавни интеракции.. абее златен комунизам!

Пишав што пишав од сеќавање, и откако ме испраша усно уште 5 минути, ми подаде едно сметче со цехот.
Косата ми се наежи! Па добро бе дали си ти нормален? На супи и чаеви од цвеќево ли ќе живеам?

– Толку е бе коммши, 3 зумбули за навредите, 5 ружи за тоа што забораваш кога нешто ќе ти каже. Фикус за тоа што гледаш фудбал и сето тоа гарнирано околу икебанче пошто не ти се свиѓа манџата. Парфемчето ти е за расипаниот судопер..

Него у право е човекот, не е он крив шо ја неам респекат.. боље да му платам пошто праам гужва. Плус на ред е оној од 3ти влез што ја млати жената секој ден – за него ќе треба свадбарски букет плус парфем и сувенирче за да му се простат гревовите. Сигурно ќе испразни рафтови.

Се спакирав некако испод мишка и тргнав накај дома.. кога од еден жбун ми изрипа едно исчупано педерче со пискав глас и микрофон.

– Господине, господине, дали ќе се потпишете за демократските права и тиранијата која ја трпат жените?

Апсолутно друже, ја од 91ва сум демократ! Дај ваму да шљакнам еден потпис и да си бркам работа..

– Фала многу господине, да живее демократијата! Повелете еден беџ.

Што беџ е ова “И јас сум жена!”, мајку ти ебем педерска – мрш!

Али касно беше.. ми го закачи, нема вадење. Изгалопирав некако до дома.

Етапа два – Целодневна

Си го плескам ја така со мерак мајонезот на лепчето – едно саламче за мене, едноипол за неа. Маслинка, растително кашкавалче.. сендвич за мераци. Плус за ручек ќе бапнам да се вријат јувките, па нек се знае кој е итаљан у душа.

Арно ама цело време заприметуем дека работниов астал све ми иде на лева рука и фрижидерот од десно, па константно морам да го оставам ножот на маса. Среќа оваа мојава има разбирање за мушки проблеми, па уште не бев изговорил запршка, се испојави по комшики.

Засукаа ракави, па кога грабнаа висечи, шпорет.. за 5 минути ми ја преуредија цела кујна по моја мерка. Овие се родени за у Ф1 питстоп.

Ко захвалност им пуштив по една дупла ракија, салатиче и спортски преглед на тв – нек одморат душа.

Ми скиснаа така негде до 5 саат и откако исцуцаа 3 бокалчиња едвај решија да си одат дома при мажите за да не ги навредат ако им се оладел ручекот.

Сркнавме и со мојава од јувките и откако собрав тањири си ги викнав другарчињата да убиеме некој саат со кафица и трач муабети за флизурата на Спасе.

Етапа три – Филм

Си загушивме атмосфера со моја Кларичка у дневната и си гледуцкаме едно филмче од типот романтична комедија. Не беше прошол филмот ни до пола, ја еве 2ро паковање салфетки отварам. Ме дирна у срце уште прва сцена и неможам, па неможам да се смирам.. на секои 10 минути по една маица утоп праам, па се преоблекувам.

А оваа мојава бе па – бесчуствителна! Место да ми даде поткрепа кога гледа дека ми е тешко и емоционално сум растргнат.. она се напалила и само ми бутка рука испод тренерица. Ни внимава на филмот ни ништо. Сигурно 2-3 пати и ја стиснав раката и пак не разбира што сакам да и кажам. Одолговлекував тактички некое време со сите марифети што сум ги изнаслушал низ годиниве, ама и тој бунар пресуши. На крај потклекнав..

Ме одвлечка до спалната и почна да ме расоблекува. Е сега ќе игра дилдото – си реков во себе. Ќе ме расцепи на суво! Среќа, жива среќа за која им благодарам до ден денес на светецот, синот, светиот, духот и на аминот – е што се распиште алармот на дигиталката!

Гледам 00:00, 9ти.

Е сеа ќе видиме.. коа сум и рикнал ко лав, коа сум и расцепил кошуљица, па тоа копчичи на сите страни!

Се врати деспотот у мене.

Утредента да видиш.. стануем, дупло турско плус локум испод нос! А и алатот на место..

и мојов и тој на комшијата.

ако се разбираме..

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.