ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Приколка

Приколка

Си беше една кола. Ама добра кола (по душа). Живееше слободно, без некои обврски и приоритети у животот. Често сакаше да се брка по скопските улици со другарчињата од маало или онака без причина да вози натака навака колку да се издува. Времето течеше а колата растеше и растеше. Иако кука за приколка и порасна одамна, сепак не се чувствуваше спремна да влече за сериозно.

Така и помина младоста во фати-откачи на многу приколки. Некои вредни, други небитни да се спомињаат. Некои она ги откачи намерно, а други пак сами се откачија од куката.

Конечно дојде и тој ден кога колата реши да се смири малце, да не шета толку и да се однесува како што доликува на 30 годишна кола. Си најде една приколка за која мислеше дека се створени еден за друг. Прв газда, прва фарба, гаражирана, речиси невозена… барем така мислеше. Закажаа термин во АМСМ и ги регистрираа.

Веќе првите месеци почнаа проблемите. Бојата на приколката се излупи, а под неа уште 3-4 слоја сосем различни. Амортизерите попуштија – и не била баш невозена – си рече колата, ама сепак се надеваше на уште многу заеднички километри. Како времето одминуваше така и колата сфаќаше дека згрешила, ама веќе беше доцна. Знаеше дека со еден потег ке ја откачи приколката, ама не се осудуваше ради товарот кој го носеше. Добрата душа не и даваше да наштети на тоа што и беше најбитно, дури и по цена да се измачува до крајот на животот. Така и умре, гледајќи преку ретровизорот во својата сакана приколка која не го заслужуваше тоа…

Се ради товарот кој го носеше во себе…

Наравоучение: ако си кола и ако зимаш приколка – само на лизинг, оглас не доаѓа у предвид. Ако веруваш на зборови или ќе те заебат или сам ке се заебеш.

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...