ќе пројде и понеделник, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Охрид до Ѓорче

Охрид до Ѓорче

Глеам на фејсбукон…охриѓанишчана напраиле група. „Се молет скопјанишчана да не мочет појќе во езероно з’ш го преполнаја.„ Место среќни да бидет шо ќе им се зголемит ензероно, та како море ќе им станит, тие одма р’чки прает. Пљус, двеве страни аер ќе видиме. Ем ние скопјаниве ќе имаме ензеро, пошо као шо се заулаило, ќе стигнет до Ѓорче, ем охриѓаниве ќе се фалет дека немает веќе ензеро, туку море. А и за сол пари не ќе давает, пошо ко шо вељат, нели им мочаме па им се зголемило, ете им сол без пари.

Стварно, шо катиљ љуѓе беа ова охриѓаниве. Па сеа ко шо се ненаситни ќе можат место 400 – 800 денара од човек да земаат. Пошо море…еве јас ќе се пријавам на тендер за плажа. Партизанска у Скопје, ќе ја прекрстиме у Туристичка 2, и така се шири туризамот. Па поплава и не е толку лоша работа ако се глеа од позитивен аспект. А шо прочитав денес…вика: „Па коа викавте со лајца да моиме ќе ви го исркавме? Бар да го сркавме, сеа не ќе се прелееше„. И у право си е дечкото. Ама ете им сеа. Сеа ќе зборат дека намерно сме мочале, за да го преселиме у Скопје. А како не ни текнало и да кењаме у езероно, сеа све корали ќе им беше, нема за корали да дававме пари, па ептен море да беше. Хранливи говна имаме ние скопјаните. Него културни сме, па тоа ти е.

А се мислам еве баш сеа…да ги пуштат оние бабине што издаваат смештај в ензеро, па и ајкули да имает. Заш ка ќе те збркает по она станицана, па те влечат, па те гризаат, па те туркаат, клоцаат, само да им отидеш у куќа и да ти лупа на врата у 8 вечер, зашо си пуштил погласно музика, а таа стара била.

Беља ни се напраи ептен. Треба и песните да ги мењаме. Не иде веќе „Лихнида кајче веслаше по Охридското Езеро…„ и „Биљана платно белеше по Охридското Езеро„ , а со море не се римува. Али добро, еве глеам шо таленти се појавија на изборов за евровизија, па тоа текстописци, па тоа музичари, сигурно ќе му текне на некој текст да напише. Плус, си ги имаат они Надица Богевска и Драганче „На маса ќе дремам„, па ќе искомбинираме нешто.

У ствари, мене ме испровоцира баба ми денеска, шо место боранија, згрешила па напраила грашак, али нејќев директно да ја вреѓам па морав некако да се испукам…

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...

Еден коментар