ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Паранормално

Паранормално

Не дека сум нешто побожен, башка и ќебапчиња знам да смуфтам баш пред Велигден, ама све имам чувство дека Севишниот комуницира со мене многу почесто од вообичаено.

Најчесто знаците доаѓаат у вид на некоја гранка што ми пара очи или кршење на мал прст од ќуш на маса… што и не е така интересно колку што е болно.

Незнам дали ради сунчаница или ради некоја бета верзија на методи, у задње време комуникацијата се одвива преку посредник. Посреднички да бидам поконкретен, што ми ги шаље горниот.

Памтам на времето само малер ме следеше и ништо друго… сега неможам да се отарасам од жени со ангелски лик. Кај и да се свртам се заљубуем на прв поглед, а и светов ми се чини поубав од лани. Што незгодно ми падна пред некој ден, небричен идам да купам греач за бољер и баш у тој момент на каса лепотица моих сни го мења вујко и’ дур руча сарма. Ме сврте со насмевки и муабет па си земав и резерва да не трчам по продавници на секои 10 години…

Главава ми прсна по пат накај дома, а очиве китка матка за да не пропуштам некое деколте или штикла со подвезици. Подзастанав у аптека да зеам апче против болови али никој не ми кажа дека ќе излезам со ранa у срце. Каква мома беше апотекарата, мерак да ти е да се разболиш и апчиња за доручек да си купуеш секој ден! Се збунив по што дојдов и очи не тргнав од кондомите 10 минути… ми спакува на крај едно шурупче за присеќавање и ми рече за 3 дена да поминам пак. Ја па поскоро ќе наминам, само да се избричам и монолог да смислам…

И така мука ме снајде пријателе незнам што да правам. Седам дома и слушам осма симфонија у изведба на цревава, страв ми е по леб да отидам до продавница. Се врткам низ мисливе и сфаќам дека женска иницијатива се дешава само кога си заузет.

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...