ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Пријателски

Пријателски

Пријателе,

Кога љубовта ќе замине таму некаде… кога судбината ќе ти наплати испивајќи ја последната капка среќа… тогаш, тогаш останува нејзиниот сладок мирис на парфем скриен длабоко во мислите и спомените.

Наутро штом се пробудиш прошарај со очите околу тебе, ќе видиш дека останал само креветот што изгледа толку поширок со никој до тебе…

Горкиот вкус на првото кафе испиено без вообичаен муабет и полна пепељара што никој не ја чисти бидејќи Она е доволно далеку да не и смета чадот од неизгаснати пикавци.

Подготви се сам како отфрлен јунак и појди во бој против денот и сите предизвици во него…

Умри машки…

Врати се со букет пирови победи без да свирнеш со колата пред врата… нема потреба. Ја нема Неа – единствениот човек за кого беше спремен да умреш, го нема ни кучето што беше спремно да умре за тебе… ги нема ни прегратките за добредојде од нив.

Исчезнаа и глупите изговори што ти овозможија безброј пијани ноќи со другарите… па и досадните повици на мобилен.

Се тешиш со мирно изгледана утакмица без борба за даљинско и по некој безвезен флерт у пијано стање, без да те гризе совест наредниот ден…

Патуваш низ градовите со цел да заборавиш… но касно сфаќаш дека од себе не се бега.

Светот е твој, а ти си ничиј.

Си наебал пријателе… верувај, јас знам!

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.