ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Руменко

Руменко

Ми текиња ко мал правев све и свашта само ништо продуктивно… Обожавав да дремам у маало на улица, најчесто со руменко у рака и флека на маица. Нозете стандард раскрварени и понекоја прљавштина на мене како доказ дека сум се пикал кај што не треба.

Пошто го спомнав руменкото, тој ми беше омилен сладолед у суоднос цена-вкус, затоа и беше најчест збор што го изговарав у маалската продавница. До толку бев зависен од него што со самото влегување у дуќан веднаш ми даваа еден без да ме прашаат… тоа беше единствен предуслов за убаво поминат ден (освен викенд кога ќе загубеше Милан па немав сон 3-4 дена).

Со руменко у рака ја сретнав и мојата прва симпатија… она јадеше некој скап корнет и најверојатно затоа не и се засвиѓав, ама набргу ја преболев и си најдов нова, па втора, трета…

Сеа пак сум сличен, навиките се исти а стварите различни.

Пак влагам у истата продавничка и уште пред да кажам добар ден веќе и фискална е пуштена за бос меко. Место да дремам на улица у празно, буљам у мониторов и бројам фрејмови како се рендаат. Понекад знам да фрлам окце и на торентот кој сидер како ме сида и тоа е тоа.

Пошто ги спомнав цигарите, Бос пушев и таа вечер кога ја сретнав Неа. Потпрен на ѕидчето шаљев сигнали у ночи на секоја 2ра, но ете она се упеца па и подарив дел од животот

Некад се прашувам што ќе беше да не постоеше Руменко или па да не пушев Бос… Најверојатно ќе лижев моливче што ужасно ме потсеќа на мушки полов орган и ќе тегнев златно родејче. Со други зборови исти курац у друго паковање…

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.