ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Се врти…

Се врти…

Све се врти…

Се врти анорексичната стрелка на саатот… и таа нормалната, па дури и онаа елегантно попунетата. Можеби најспоро, поготово навечер, ама сепак се врти! Друштво им праи и еден комарец околу сијалица и циган низ маалскиве дворови… потпуно ги разбирам.

Се врткам и јас нервозно низ соба и со мал прст го мешам кафето обратно од саатот. У систем се врти диск на Казалиште, а во мозоков веќе подолго време ми се врткаат исти мисли. Среќа имам заглавено песна на рипит, па некако разбивам монотоност со разни изведби на истата.

Од утре ќе свртам нов лист… демек.

Знам џабе вртам празни муабети. И другпат сум рекол така, па на крај заврти наврти пак на исто. Поминаа тие времиња коа безгрижно се вртеше табла до сабајле.

Абе ти викам ја, све се врти.

Најзаебан ми е тоа таванот коа ќе легнам ќор пијан. Пола саат вртење ко на рингишпил и цревава у стомак ламбада ми играат… утредента па сум приморан да тегнам чај од вртипоп. Мушка камилица што ја викам ја.

… него вака глупи муабети у ворд можам да вртам до задутре. И ќе вртев, мајке ми… да не свртев случајно канал и да фатам реприза на “Врти сучи тоа ти е Скопје”. Маме му ебем, ептен се заврти сеа…

Готово не можам више. Идам да свртам некое крукче низ маало… можда ќе ги начекам маалскиве како вртат на клупа. Ќе свртам и ја една штафетка. Увек вртиме. Осим коа е Цвеле со нас.. пошто тегне ко вол. Чек да му завртам да видам кае…

Недостапен. Добро е… сигурно врти некои бизниси низ градов. Ајде идам ја!

Сврти и ти…

Џокац

 

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...