ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Вујче од Америка

Вујче од Америка

20тина дена во Скопје. И по некои правила и принципи, би требало да почнам да раскажувам од почеток, али пошто правилата и принципите постојат за да бидат прекршени, јас ќе ги прекршам, и ќе почнам од крајот, затоа што ми е најсвежа дешавката.

Главен лик во овој пост ќе биде Вујче Атила, кој неколку месеци бешена печал во Јунајтед Стејтс оф Америка. После долго натегање, дал ќе се врати, дал ќе остане во туѓина, Вујче Атила беше поразен од носталгијата, и реши да се врати во својот роден крај. Таа победа од носталгијата, на некој начин беше и мој пораз, затоа што веќе финансиски не бев способен да ги доседам сите тие денови во Скопје, па во договор со мојот другар Ремзи (за понатака, Инди), се одлучивме да се повлечеме неколку дена во илегала, исто како Џамбазот, во едно Струмичко село, каде што ни требаа пари само за тутун. За таа илегала, ќе пишувам во друг пост. Можеби Велигденскиот, ете…

Во петокот вечерта Атила требаше да пристигне на автобуската станица во Скопје. Се собра одбор за пречек, на чело со неговата поубава половина, која храбро издржа сите овие месеци, под моја и Индијева јурисдикција. Иако сите знаевме колкава е нејзината љубов кон Атила, моравме уште од почетокот да превземеме радикални мерки во врска со тоа, а мерките беа следниве:

1. Летово во Охрид, беше под моја и надлежност на Инди, па мораше секој ден на плажа да оди облечена во ролка, и покрај тоа што температурите беа високи.
2. Секогаш кога излагаше со нас во дискотека или кафич, околу вратот го имаше ланецот на кучето на нејзиниот драг Атила, Агата, за да не може да се изгуби во гужвите.
3. Кога не излагаше со нас во град, иако она тоа не го знаеше, околу неа имаше секогаш 3ца агенти, кои го надгледуваа секој нејзин покрет.

Ова нека биде еден вид рапорт до мојот предраг другар Атила. Иако, сигурен сум дека ќе му беше верна и да не ги превземевме овие радикални мерки. Но, сигурно си е сигурно. Да се вратиме на пречекот.

Во 9 саатот неколку луѓе бевме собрани во домот на сен сеи Зоки, да ги направиме финалните договори и да ги подигнеме на највисоко ниво нашите расположенија со помош на природни и неприродни супстанци кој ствараат разнолики облици на расположение. Финалните договори беа направени, расположението на највиско ниво, и ние веќе се упативме кон автобуската станица. Друштво ни правеше и арапската тарабука, која беше во сопственост на Зоки, а потребна за да држи ритам на песната “Проклета је Америка”, кога Атила ќе се симне од автобус. Гепекот на Ремзи беше моја изработка,  со стајлинг кој беше малце необичен, но одговараше за таа прилика. Во 10 саатот, 15тина луѓе беа собрани на автобуската, и нестрпливо го чекаа доаѓањето.

Дојде и тој момент. На автобуската влезе еден кафеав автобус, и по инструкции на Кристијан, бевме сигурни дека тој е тој автобус, затоа што и Кристијан неодамна пристигна од Белград со истиот. Тарабуката спремна, гепекот спремен за отварање, сите со раширени раце, само Инди со раширен гепек. Имаше многу зачудени фаци на автобуската во Скопје, што од разголениот задник на Инди, на кој со големи букви го пишуваше името на печалбарот, што од камерниот состав кој ја исполнуваше  “Проклета је Америка”. Атила кога се симна беше скроз збунет. Викаат дека е така кај сите што се враќаат од Ју Ес Еј.

Следна дестинација ни беше клупата позади зграда, каде што се јадеше ајвар и се пиеше домашна кавадаречка жута ракија, Атиловача и колку-толку се средуваа впечатоците од ова негово патување.

Но, мене ме плашеше следниот ден. Кога сите заедно требаше да се собереме во гостилницата “Трпеза” и како што доликува да го прославиме неговото доаѓање. Психички се спремавме за тој ден. У 9 саатот требаше да бидеме тамо. Јас не можев да стигнам на време, затоа што имав еден неодложен состанок. Стигнав околу десет, допингуван, на 6-7 пива. Тоа ми беше одличен разлог уште одма да почнам да се веселам. Веќе после неполн саат, почнавме своите па и не толку скромни буџети, немилосрдно да ги лепиме на свирачите кои свиреа тачно над нашите глави, а ние како прави боеми слушавме, пеевме и нарачувавме нови песни. Беше тоа една вечер, една од тие со повод, кои никогаш во животот не се забораваат.

Со љубов, до следното читање.

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.