ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
За париве

За париве

Вчера додека ја извршував мојата традиционална спортска беседа испред иконостасот на светиот маченик Хералиде… у сред богохулење и молби да свирне пенал у 93та, случајно ми се разјасни дека ја уствари све глеам низ призма на парите.

Еве да зееме нееднаквите:

Пошто ситнеж што се матка низ селски џебови и го има кој ќе стигне ми е испод принципи, мене у новчаник сите, ама баш сите ми биле богородички. Поштењак со тапија.

Една од нив дури буквално – ми се облажи у врска, а ја ни за цицка ја немав штипнато. После тоа знаеш како е… проста маса, клетници почнаа да ми богохулат и шират афери демек се дупела кај ќе стигне. На крај оваа неможеше да издржи и ми раскина пошто сум сумњал и не сум веруел во виша сила и судбина. Едноставно, то није истина…

Али тоа е тоа, не било пишано.

Истото важи и за другине – богородички со тапија од свети турско.

Два дена гзот ќе си го испотиш да ја спечалиш… за после тоа у рок од два саата да избега кај тапа фраер од другата страна на шанкот. Ти на неа ореол на глава, она тебе рогови у гс.

…и така низ годините, дупка до дупка, се дур гзот не ми стана сито и решето.

Видов не видов, почнав да баратам со странски девизи. Евриќи.

Јасно ми е мене дека 20 евра си се 20 па и у јени да ги смениш… али шознам, овака некако више траат и не ги трошиш за глупости. За ваквиот метод, колегата Тошо еднаш рече:

“Фати се, појди 2-3 години, откачи ја… фати друга, па 2-3 години, па откачи ја. Парче!”

Битно, мирна глава… а и интермецот трае цел месец.

Љубов.

—————————————————————————————

Него поминаа пар години и 3 верзии на офис откако се изјаснив по прашањево. Успат промашив пе-шес зицери кои ме научија као се води монетарна политика. Све од погоре занемари!

Јебеш странкиња са плави ајс, а од пара само 5000ка се поштуе! Домачица.

Тоа е друже оној раритет за кој си спремен да напраиш свашта. За жал ако замижиш тешко ти иде да си ја претставиш како изгледа. Никад не си ја имал, а си ја видел негде чат, пат… увек била у рука на некој друг. Најчесто Вол.

Или Бивол.

И така дур чекаш ред на шалтер позади него, припазуваш али се праиш дека не приметуеш како ја гужва без никаков респект. Срце те боли. Чат пат ја префрла у другата рака колку да се види ради чалам и пак ја враќа назад. Знаеш дека кај и да е, ќе ја поебе за глупости…

Ти иде да му ја украдеш дур е свртен со грб… ама не, не си ти таков. Ти си у принцип поштењак!

…и глупак.

Па и пичка може да се каже. Или констатира.

Него што си запнал баш денес у банка?! Ајде кучи.

По пут наоѓаш паднато пеевче. Можда е фрлено… ама кур те боли. Го зимаш и го ситниш на шес десетки без ронка милост. Маста му ја вадиш.

До дома обавезно празниш џебови…

Влагаш у соба и сваќаш дека си роден за шворц.

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.