ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

Мемоари

Видоизменети секвенци од животот у полза на авторите. Што намерно, што од заборав.. Зборови чија точност е некаде на половина пат помеѓу вистинската дешавка и онаа што ќе се презентира пред внуците на стари години.

На шанкот

na shankot

Пригушлива атмосфера, тивка музика и празно столче измеѓу мене и неа…. Двајцата потпрени на шанкот, ко прваче кревам два прста и шанкерот веднаш знае што треба. Далеку од сите а толку блиску до неа… Невидлива бариера меѓу нас која полека исчезнува со секоја помината минута... повеќе »

Неспокој

Full_Moon_Night_by_TheTrueAngel

Празни луѓе, полна месечина. Осамен талка, изгубен во темнината, заробен во сонот, само месечината, му ги гледа солзите. Во цигарата и дождот го бара својот мир. Димот од цигара исчезнува, како душата, за миг, вкусот се врежува, длабоко, преку секое сетило. Мирисот на полноќен дожд... повеќе »

Аура

aura

Уз здраво тело здрав дух! Се меркам така самиот себе у полугола варијанта испред хромата у купатило што гарантира 10 лајка на лицекнигата и никако неможам да ја докажам точноста на изразов. Можда телово не е дел од влажните сништа на Лима, ама сигурно испунува минимум стандарди за систематски! Рака, нога, глава све си е на место со бројност чија процентуална вредност е најзастапена во сончевиот систем… осим у Чернобил. И како е сега можно духов да не ми го ... повеќе »

Некои родендени се тажни

candle_Candle_light_4010

Во срцето камен, очите влажни, некои родендени се тажни… Место да пеам денеска плачам, душава ја облева тага, го прашувам Господ што ли ти згрешив, зошто ме казни, некои родендени се тажни… Би сакал сето ова да биде сон, да биде лага да ме исполни среќа, наместо тага, да го славиме сите, овој ден важен, но лага не е, вистина болна, денешниов ден навистина е тажен… повеќе »

Неостварен сон

IMG_0479v

За еден миг ќе создадам стихови за тебе од дното на душава ќе ти кажам те љубам, немоќен сум против тебе. За еден ден ќе бидам покрај тебе, најблиску до небото ќе ти го покажам мојот облак, од каде црпам љубов за тебе. За една недела ќе се разбудам покрај тебе, најблиску до сонот ќе бидам среќен, совршено утро, совршена ти. За еден месец нема да сум покрај тебе, длабоко во мислите ќе знаеш каде ми е срцето, кој ми ... повеќе »

Андерграунд

underground

Небото се беше намуртило како теткица од шалтер на студентски прашања… Ја па алергичен на тмурни погледи од високо, во недостаток на чадор, веднаш сменив план за дневни активности. Си закопав лакти на шанкче во кафичот кај што најчесто си ги фрлам парите и почнав уобичаен ритуал. Здрвив една-две и се опуштив ко ластик од гаќа… Скенирам така меѓу женска популација и веднаш вадам закључок поткрепен со факти: чудна работа е шминкава маме му, само 100 грама е разликата од ... повеќе »