ќе пројде и петок, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

Мемоари

Видоизменети секвенци од животот у полза на авторите. Што намерно, што од заборав.. Зборови чија точност е некаде на половина пат помеѓу вистинската дешавка и онаа што ќе се презентира пред внуците на стари години.

Домаќин

domakin

Ако некој ви рече дека ја преживеал смртта и ве завитлава со приказни за тунели и бели светлини, да си знаете дека ве праи мајмун више него роналдињо кога дрибла… еве како вистински изгледа тоа искуство: Што бош филм ме задеси еден период да се понашам ко домаќин, ни сам незнам. Секое неделно утро косев трава, наводнував со црево и пријавував у ЕВН кога ќе рикнеше некоја канделабра. Комшиите пак се испотепаа чија ќерка да омажам… благодет нема што! Али ... повеќе »

Реноме

ren

Реноме је битна ствар у животу сваког живо биче. Незнам дали некој ја кажал оваа мисла, али битно ја да ја запишам дур не сум ја заборавил. Се шеткарам со една мала пегава плава низ нашиов ни град и се’ пцујам што ми требаше да идеме за озбилно више неколку месеци. Ова со идењево баш буквално. Врската се базираше на секојдневно пеш(Љ)ачење и влечење кеси кое она го нарекува шопинг, а мене рацеве жуљосани ме печат до подлактица. Бев приморан ... повеќе »

Хаце

hc

Седиме со оваа мојава у соба на тросед, нозете заеднички опрчени на маса уплеткани во чуден гордиев чвор и се држиме за рука… Со другата рака најизменично брцкаме у ванглата со пуканки и од време на време она ќе си ги лижне прстите да се избрише. Ја па не сум по такви адети од проста причина што одма ми се враќа филм кај све не сум пикнал прсти, па скришно си се подбришувам од ногавица или ракав. Плановите ни беа ... повеќе »

Камперај

200134057-001

Чудна работа е мајов другарче… секоја година дежаву но на посебен начин. Убаво место закачивме овој пат… можда географски и етнографски глеано не беше најпогодно ама затоа *** (тоа зборчето за полова припадност шо не ми текиња у момент ) беше совршено. Прв комшија да ти биде женско друштво што незнае шатор да намести е добитна комбинација за искусен кампер ко мене. Уште скара немавме распалено, ги закотвивме шаторите еден до друг ко да се знаеме со години… …седнати во ... повеќе »

Фторнички

ftornicki

Вторник. Скопско педерско ветре испунето со лапавица ми штипе образи дур кампирам на станица. У глава превртев Битлс дискографија плус безброј пати Хелп на рипит – залудно. Фамозна радишанска 57ма локомотива ван делник не е заeбанција, башка некои блокади… 3 месечеви циклуси. До мене златокоса цура со укомпониран жути кишобран – редок ендемски вид од романтизмот. И неа ја затрефи иста судбина ко мојата, само некој саат покасно… пусто свинско пред Велигден! Мора да сме сродни души: музикофили, пост комунистички ... повеќе »

Езерска романтика

кајче

Седиме со цимерот на клупа поред кеј у Oхрид и фрламе ишарет на секоја втора пунолетна охриѓанка чисто онака да убиеме досада. Наравно без икакви намери пошто баш тој ден праевме муабет поврзан со квантитетот и квалитетот на одредени ствари… Ама ете коа не очекуваш, баш тогаш ќе се погоди нешо… замаен у анализа на минувачките не ни сум приметил дека една прилично држеча цура седи на клупата од карши и ме мерка од глава до пети ко влав јајца ... повеќе »