ќе пројде и петок, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:

На буквата Љ

Првата буква на појавата која во нормалното општество се карактеризира како крајно блиска врска помеѓу машка и женска особа, мајка, татковина, впрочем, се што може да се љуби. По влезот во Европската Унија во 2045 година, со цел прилагодување кон европските сфаќања, категоријата ќе ја модифицираме во полза на Земјаните кои љубовта ја сфаќаат како „ најголемата врска меѓу две или повеќе човечки суштества без разлика на нивниот пол, вера, народност или раса„.

Патникот

patnikot

– Вака не сум се чувствувала одамна… го разгори пламенот во мене… како не те сретнав порано… Говореше нежно и непрекинато. Шепотот на моето уво беше единствениот шум, што ја прекинуваше долгата тишина во таа пролетна ноќ. Осамени на најубавото место во светот, скриени од луѓето но разголени пред месечината, ја милував со очите…. – Посакувам да сме вечно заедно… во добро и зло… да бидеш покрај мене кога утрото го раѓа денот… Со треперлив глас ми ја претскажуваше судбоносната ... повеќе »