ќе пројде и петок, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Добро и Лошо

Добро и Лошо

Добро е кога ќе посветиш песна на цура…

Лошо е ако е оваа песна! (за мекотели организми овде)

Добро е кога ќе и подариш цвеќе без причина…

Лошо е ако се непарен број каранфили!

Добро е кога ќе ја видиш у парк…

Лошо е ако е со дечко и’!

Добро е кога ќе ти се насмее…

Лошо е ако зад тебе е другарка и’!

Добро е кога ќе ти пише порака…

Лошо е ако е по грешка!

Добро е кога е среќна…

Лошо е ако тоа е ради твојата несреќа!

Добро е кога ќе помислиш дека од ова полошо неможе…

Лошо е ако тоа постане максимум за у иднина!

Добро е кога ќе напишеш пост за некоја…

Лошо е кога е ваков!

Добро е ако си извлекол поука од сето тоа…

Лошо е ако тоа важи од утре!

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.