ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Од утре

Од утре

Од утре не пушам…
Од утре ќе штедам пари

Од утре не пијам
Од утре ќе бидам редовен на факс…

Од утре не се коцкам…
Од утре ќе ја затварам пастата за заби…

Од утре не мислам на Неа
Од утре ќе го местам креветот…

Од утре не искачам со мокра коса…
Од утре ќе бидам одговорен…

Од утре не спијам “уште 5 минути”…
Од утре ќе живеам здраво…

Од утре не глеам по туѓи жени…
Од утре ќе баталам компјутер…

Од утре не каснам на работа…
Од утре ќе ја средувам собата…

Од утре не се смеам на бизарни ствари…
Од утре ќе идам почесто кај роднините…

Од утре не ризикувам…
Од утре ќе средам некои ствари…

Од утре не се плашам од забар…
Од утре ќе бидам озбилен на слики…

ОД УТРЕ НЕ СЕ ЛАЖАМ САМ СЕБЕ… ОД УТРЕ!!!

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.

Еден коментар