ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Провинцијалка

Провинцијалка

Еј Персо, еј девојче селско
Везден седиш в село
И планови кроиш
Како да побегнеш
Во Скопје да дојдеш
За навек да останеш

Еј Персо, еј девојче селско
Љубовта ја батали
План убав скрои
На факултет се запиша
Во Скопје се пресели
сакаш да останеш

Ни леб ни вода
Твоите по дома
А ти по Скопје
Тело си продаваш
И во секој втор
Демек се заљубуваш

Еј Персо, еј девојче селско
Косата ја изми
Јазикот го смени
Спасе го ќари
А тој на тебе
Дете ти дари

Еј мори Персо, дрољо селска
И Спасе ко тебе
Од село дојде
Па те бутна во комбе
Со него те зема
Од таму кај што дојде

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...