ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Радничка

Радничка

Откако Уметник остави,
пиано црно електрично,
во соба со чаршав покриено,
и со автобус отиде,
пакети да реди во Веропулос,
лицето му се измени,
веѓи паднаа надолу
и усти свија кораво.

Не беше Уметник роден,
за тија пусти пакети!
пакети – тешки најтешки.
пакети – црни прљави.

Прв месец помина
Уметник плата не зема;
втор месец помина
плата на сметка пристигна.
Се потроши за два дена,
остана празна сметката.

Не беше Уметник роден,
за тија пусти маркети;
маркети грчки – цигански,
маркети јужно – македонски.

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...