ќе пројде и понеделник, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Андерграунд

Андерграунд

Небото се беше намуртило како теткица од шалтер на студентски прашања…

Ја па алергичен на тмурни погледи од високо, во недостаток на чадор, веднаш сменив план за дневни активности. Си закопав лакти на шанкче во кафичот кај што најчесто си ги фрлам парите и почнав уобичаен ритуал.

Здрвив една-две и се опуштив ко ластик од гаќа…

Скенирам така меѓу женска популација и веднаш вадам закључок поткрепен со факти: чудна работа е шминкава маме му, само 100 грама е разликата од малолетничка до секси милфица.

Уште не бев одбрал цура што ќе ја има честа да ја слуша мојата лирска поезија дур падају ѕвезде, ми пријде смрак света. Чизма доколенка, поткината хулахопка, излитен кожњак, на вратот булдог синџирче со шилци и нокти ко цвицангла… на прв поглед сурова варијанта од Круела Девил. Уметничко име – андерграунд цура.

И’ порачав дупло блади мери од култура и решив да ја изиграм излитената клише асл фаза пред да му ја дувнам во некои други времепростори…

… но наместо тоа, ми го дувна мене штокот паметот – тој дуплиот увек има троен ефект!

Пркна џуниор ко кокиче у пролече, па веднаш си ги фрлив принципите испод стол. Наместив осмех за сликање и почнав да климам со глава у шес-осмински такт на секоја нејзина реченица. Ја фатив на карактер шо би се рекло…

Не траеше долго… мислам дека не ги употребив ни деминутивите како адути, ми постави реторичко прашање:

Сакаш докај мене?!

… и ми опаша едно имагинарно каифче околу врат со кое послушно ме повлече со неа.

Следен призор:

Полумрачно собиче со стајлинг украден од одаја за измачување во средовековен замок. Овде нема место за предигри и шмекање. Пажливо почнав да си откопчувам копче по копче од кошуљата… кога шљак од позади! – ми шрафираше грбна дијагонала со камшик фис тројка. Не успеав ни да се завртам пљас уше еднаш… и уште еднаш.

Нека ми опрости светиот маченик Хералдие ама цурава бичува ко за 3ца римски легионери. Да го јадев камшиков пред 2000 години, сигурно ќе ми нацртаа два ореола откако душата ќе ми се успокоеше. Вака ќе мора да се задоволам со тетоважа – јапански мозаик.

И така дур пуштам мисли на пасење за да намалам болка, приметуем дека оваа нема ни М од милост… ги испука две серии по петнаес ко за загревање и почна со припреми за следна тура. Незнам за вол што ора, ама ова мене дефинитвно не ме стимулира!

Судејќи по уводот страв ми беше да предвидувам кулминација. Затоа па расплетот беше очигледен: Безброј малолетни девојчици завиено у црно, со кутлача ми сркаат репете пченица. Јас сум Слаткар меѓу мртвите!

Не фала… тој филм нече мочи!

Пуштив уште некоја болна солза за да ја исцедам последната капка алкохол од телово и почнав трезвено да размишљам. Украдов сцена од робовладетелски филм со експлицитна содржина и сменив улоги. Неколку тројни морнарски чворови на секој екстремитет од нејзиното тело, плус креветот закотвен за радијатор.

А сега пиле кај ќе бегаш?! – кажав заповеднички.

Се насмеа со очекување дека ќе го добие животниот спенкинг… ама појма нема она од мене и моите методи.

Си натнав лева патика на десна нога и кидавела ко бацинела.

А да… на искачање и пуштив на телевизија една бесконечна реклама од топ-шоп со позадински саундтрак мекич. Да види она што е садизам!

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.

3 коментари