ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Аура

Аура

Уз здраво тело здрав дух!

Се меркам така самиот себе у полугола варијанта испред хромата у купатило што гарантира 10 лајка на лицекнигата и никако неможам да ја докажам точноста на изразов. Можда телово не е дел од влажните сништа на Лима, ама сигурно испунува минимум стандарди за систематски! Рака, нога, глава све си е на место со бројност чија процентуална вредност е најзастапена во сончевиот систем… осим у Чернобил.

И како е сега можно духов да не ми го бива?! Еден збор и 2 климања со глава беа доволни да ме убедат дека ја иам проблем со аурата, а дух без аура ти е ко шопска без патлиџан… и сирење

Ко и секоја душевно и материјално оштечена особа, така и ја решив веднаш да се обратам до првиот амазонски врач. Итоа пази, тет а тет!

Се снајдов некако низ полумракот на уличките во приградската населба и откако бев пагански обреден со крст и кандилце, конечно ми беше дозволено да преминам со десна нога преку прагот во гаражата… пардон, светилиштето.

Ме смести дотичната на едно чкрипаво столче без потпирач наменето за странки и ја откри куглата што требаше да претставува мост меѓу сегашноста и иднината на мојата животна крива.

– Дечко гледам те мачи нешто!

Ајде јеботе… оваа стварно била видовита! Замисли го квадратот на малоумност што го краси човекот што иде по бајачки од што му е арно… несвесно го признав коренот на мојата глупост. Али чим си го почнал орото ќе го тераш до крај. Бркнав у џебот и и’ тутнав една богородичка испод куглата за да фати мајата.

– Хммм сестра имаш?

Не, брат!

– Да, да… вие во лоши односи сте така?

Не бе мајче, ко брат ми е!

– Хммм… хммм ондак мора да имало некоја женска особа што ти лежи на срце и не ти дава сон.

Тачно! До сега сум бил заљубен само у жена… иако едно време немав сон ради комшијата што реновираше.

– Хммм, хммм, хммм… хммм… добро бе момче се трудам ама никако да ти допрам до духот… ти ко да имаш проблем со аурата! Ептен си ми нејасен…

Ееее тоа е бе мајче… алал нек ти е! Таман почнав да сумњам у твоите јасновидски могучности. Аурата ми е сјебана, а со тоа и духот ми е унаказен за комуникација… телото да чукнам у иверка ми фура витални функции.

– Па така кажи бе момче! Ти си неприступачен со овој метод. Веднаш ќе се префрлиме на тарот…

Извади од фиоката еден шпил пластифицирани без џокери и почна да меша обратно од саатот… и мешаше, мешаше… мешаше…

Кујзнае до коа ќе мешаше да не ми текнеше да убрзам постапка со уште една богородичка на маса. Веднаш пресече и подели на маса по рандом логика… и почна:

– Гледам те мачи нешто!

Аурата ти реков! – И почна полека да ми согорува фитиљот…

Ме изврте уште 10 минути на стара фора, писма, далечни роднини и настинки… и фино лепо ме отпоздрави без да ми дае фискална. Излегов надвор цел збуњен и си удрив сума сумарум. Нит пари нит Аура! Или може иам, ама не сум свесен пошто е поттисната од виша сила…

И сеа што?! Да си вечерам од аурата или да си ја урамам за дуго сечање?!

Ако ништо друго, бар ја разбрав вистинската и буквална смисла на “те ебат у мал мозок”. Така ми е кога применувам погрешни методи на сумњиви појави… место ко човек у кафана да си билдам златно его.

Си свиткав опашката и се упатив у правец на светлината…

Поминаа денови и месеци дур не ми се разјасни… очи ми отвори една нискобуџетна документарка. Аура на духот да ти било нешто ко фенг шуи на мислите у мозок… а овие врачовиве све преваранти да ти биле.

Глуп јас!

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...