ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Домаќин

Домаќин

Ако некој ви рече дека ја преживеал смртта и ве завитлава со приказни за тунели и бели светлини, да си знаете дека ве праи мајмун више него роналдињо кога дрибла… еве како вистински изгледа тоа искуство:

Што бош филм ме задеси еден период да се понашам ко домаќин, ни сам незнам. Секое неделно утро косев трава, наводнував со црево и пријавував у ЕВН кога ќе рикнеше некоја канделабра. Комшиите пак се испотепаа чија ќерка да омажам… благодет нема што!

Али лошо е кога човек ќе се унесе у филмот, па на потешкиот начин ќе дознае дека тоа е меч со две острици:

Се заакав еднаш по цигари и ко домаќин прво што запазив у дуќан беше рафт смртти. Тоа се оние специјални понуди на чоколади со уште 3 дена рок и хедис производи по цена поевтино ти е да го имаш, него да го немаш. Одма се откажав од нив пошто минатиот пат дадов повеќе за лекови него што заштедив… башка маткање по болници – тотално неисплатлив бизнис.

Но око соколово научено да мерка лево десно, здогледа скриено позади тие балончињата со вино или оцет, што и да се… добра понуда од 12 тоалетни хартии за 100че. Плус 3 гратис!

Охоо ми светнаа очињата као на влав пред шведска маса и земав две паковања. 30 ролни за ич пари, бизнис мог живота! Со толку хартија ем прозори ќе ишмирглам ем ќе фрлам памфлети на утакмица. Прав домаќин!

Се натоварив ко магаре и тргнав према каса, кога оп – лејдис најт у продавница. Пе-шес цури плус онаа мојата за која би мењал бубрег за осмех, баш сега решиле да си купат намирници. А сега бе серко еден што!? Живи срамови… пробав да им бегам некое време меѓу рафтови, ама џабе толку саати играње пекмен. На крај немаше каде, ме фатија испред сталаг со прашкови.

Се препотив во секунда и со полед у плочки се ориентирав некако по фуга до каса. Таму па шлог… мојава пред мене, 2 од лепотициве после мене, а ја у средина со 30 гз папири црвенеам ко концентриран кечап. Капак на све, касиеркава у слоу моушн со многу љубов и’ ги поминува мастичињата по баркод и на глас рецитира…

Одма путујем 5 минути унапред и преживувам што ќе ми се деси. Ова ќе биде пострашно и од она кога и повратив на плавушата у цицки!

Готово, толку беше… потонав како низоземски брег дур ме мава повеќекратен инфаркт и пцујам што не измислиле телепорт.

Пробав нешто да се извадам и објаснам дека не се за мене, па испомешав нешто со домаќинлук, па ова, па она – уште толку ми се изнасмеаа! У очи им прочитав дека наредни 3 реинкарнации нема да фатам цицка у нивно маало. Катасторфа, фијаско, дебакл…

Мора ли увек добрите намери да ми излезат од контекст!?

Ја проживеав уште неколку минути смртта и ко помочан се вратив дома со запек.

Од тогаш си набив комплекс и се понашам ко прав параспур…

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...