ќе пројде и вторник, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Езерска романтика

Езерска романтика

Седиме со цимерот на клупа поред кеј у Oхрид и фрламе ишарет на секоја втора пунолетна охриѓанка чисто онака да убиеме досада. Наравно без икакви намери пошто баш тој ден праевме муабет поврзан со квантитетот и квалитетот на одредени ствари…

Ама ете коа не очекуваш, баш тогаш ќе се погоди нешо… замаен у анализа на минувачките не ни сум приметил дека една прилично држеча цура седи на клупата од карши и ме мерка од глава до пети ко влав јајца у продавница… наравно пошто изглед вара, башка сонцето у очи и биеше, не можела да ми најде ниедна маана па дури ни носот не ми го заприметила.

Децо ево една рибарска со видоизменета содржина у моја полза:

Конечно после пола саат кога собра храброст ко копиљ у стоматолошка чекална, ми пријде и почна од околу да ми кажува тоа што сакам да го чујам… веднаш и возвратив на сличен начин и у кратка постапка ја поминавме првата база.

Е сеа за вторава база, незнам дали сте знаеле ама женско у Oхрид ван сезона има дигнат критериум за да му дае на мушкарац… а ја сув насушен ко сахара, морав да смислам лукав план – што би рекол Болдрик од Црна Гуја.

Решив да и шитнам езерска романтика на охриѓанкава… чисто онака да и докажам дека енѕероно скопјаните го користат и за нешто друго освен мочајне и сркајне со лајца…

Се натоваривме у првото неврзано со катанец кајче и отпловивме со ентузијазам поголем од оној на патницине од титаник.

А езероно бачко тепсија… чиниш светот застанал а ја и она ко временски путници едино нешто што се движи у радиус на 3 километра. Стигнавме на сред езеро и утепав некоја минута у бош муабет дур не’ фати зајдисонце и се создадат идеални услови за романтика.

Таман ја обработив психички и дојде време да прејдеме на физички… коа од нигде никаде олуја. Абе каква олуја тоа цунами не му е рамно… едни ветришта што рашибаа мислам ме оддуваа сосе пљачки.

Заеби ти и романтика и бакрачи си помислив и фаќај веслата у рука пошто ќе те даваат по телевизии ко ексклузивен снимак…

После пола минута сфатив дека ми се дешава онаа народната “џабе веслаш”, едно метро напред, две назад… попрвин ќе стигнам рикверц у албанија него на охридска обала.

Охриѓанкава ме погледна со поглед “зашто ме уби млада и наивна” и тоа уште толку ми уби воља за веслање… па не сум ја крив што у живот освен флаша скопско, маус и по некоја цицка не сум држел ништо друго, а не па весло. Него фаќај ти сестро позиција капетан лаѓе пошто и ја ќе го наебам уз тебе.

И кога му засука тоа ракавите… коа фати веслата… кога му ја летнавме… чиниш пента имат на кајчено. Хех што ти е охриѓанка си мислев. Може нема карактер, ама техника и сила има брате ко магаре.

Бидна шо бидна, куртуливме што куртуливме… него што муабет ќе се врти низ чаршија сеа си мислев. Боље да си умрев ко херој него сега да ми се смеат по корзоно. Спакував парталите и муфте да ме нема за Скопје… да помине некое време дур не изветрее срамот!

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.