ќе пројде и вторник, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Камперај

Камперај

Чудна работа е мајов другарче… секоја година дежаву но на посебен начин.

Убаво место закачивме овој пат… можда географски и етнографски глеано не беше најпогодно ама затоа *** (тоа зборчето за полова припадност шо не ми текиња у момент ) беше совршено. Прв комшија да ти биде женско друштво што незнае шатор да намести е добитна комбинација за искусен кампер ко мене. Уште скара немавме распалено, ги закотвивме шаторите еден до друг ко да се знаеме со години…

…седнати во магичниот круг, оној покрај огнот кај што се тркала едно трубиче, сите среќни и весели, а мене ме јаде некоја јанѕа. Што ми требаше да се праам Џек и печурки да берам демек знам кои се отровни кои не… па на крај по грешка да се вратам со пола кило шумски јагоди. Него остај тоа мајтапот што ќе го тераат, другариве искористиле тренутак на мое отсуство и све што има физичка убавина веќе си резервирале. Јебига ми остана мене ко и увек онаа карактерната. Од утре тегла шампињони ќе си м’кнам под мишка за сваки случај!

Него шта је ту је… морав да превземам нешто пошто од бирача нема ебача.

Едина позната алтернатива на фотошоп за пролепшавање цура ми е алкохол. Си го потпрев бокалчето со ракија до стол и почнав да ја работам у леери. Закон работа е ракијава маме и ебем… после 15 минути цурава беше пичка ипол. Промешав малце и вино ко краен блур ефект и пред мене стоеше невиден спејс шатл. Ја сејвнав и ја одвлеков на панорамски десктоп со намера да ја испринтам.

…Карпа, водопад, гушнати под ѕвездите, мојата рака кај неа у коса… ти реков ми рече, а у уста јазиков ми се плетка у чворови ко да се лапаме. Два збора неможам да сврзам без да напраам спелинг грешка… златен фотошоп нема вакви нус ефекти. Ептен криво ми падна, сакам кажам незнам речам. Бар тастатура да имав па со љубовна поезија да и симињам ѕвезди у деминутив… вака ќутам ко креле што незнае што сака.

Помина некое време и во недостаток на љубов што ме грее, ми смрзнаа јајцата ко ефтин сладолед у комора. Фатив позиција на локомотива и преку трња и жбунови рикверц назад.

Се вративме до шаторот и што да видам… цела екипа игра друштвени лудории у лежеча позиција. Остај тоа, него у нивниот шатор исполегнале, а ја малер сум со тоа дупките по темница, па морав да ја носам оваа мојава кај нас на сигурно. Не се разбирам многу у хасап системи и европски норми за хигиена ама нашава кочина не испунуваше ни минимални услови за у Бангладеш. Више за неа ми беше… ја синуси иам па не осеќам многу.

Легнавме еден поред друг измеѓу торби и гајби пиво и почна да се врти шаторот 360 у 4та димензија… дел од ракијата дел од неа. Неможам да кажам што точно се деси, ама некои у заблуда тоа го викаат водење љубов…

Утредента си бевме најбољи другари се дур не не раздели прва патарина према Скопје….

Еве ме сеа назад у маалскава планина… си љуљам на плешки гратис плеумонија, пуна дигиталка спомени и огромна грижа на совест што изедов толку месо па ми е срам свиња да погледнам у очи…

…а баш сеа треба да се видам со една ради формалности!

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.