ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Кој штеди – има

Кој штеди – има

Другарче, у кафаната кај што ја фрлам дневницата ќе сретнеш разно разни ликови кои у пијано стање ти шуштат у мозок со бош муабети. Ако пажливо ги пратиш ќе уочиш дека у принцип само го дрват со глупости. Де владата ги ебала, де среќата им врти леџа, судијата педер, ова вака, тоа така… бескрајни епитафи за нивниот личен животен колапс – немој жити се и ти да бидеш ко нив.

Види ме мене. Ја не млатам слама. Ја мојта тужна судбина сум ја дијагностицирал тачно у една тачка – жена ми. У мој говор, еден збор – еден алтан.

Фаќај прибелешки:

Што сорта се ова жениве значи чудо нешто. Главата ми ја пукна секој трет ден иди до продавница, па иди до продавница. Те ова немало, те она немало… ја незнам што се замислува.

Сеа знам овие алфа мажјациве одма ќе ја исмеваат мојава машкост ко демек она неможе да отиде до продавница, па мене ме праќа ко копиљ по цигари… епа и неможе! Се знае, платата чим стигне на 20ти/25ти примо-предавање кај мене – жглап. Ја парите у фиока, а кључот у плафоњерка пошто незнае да смени сијалица.

Така… него како! Ја ќе штедам, а она со миризливи стапчичи да ми се расфрла ко тогаш за годишница.

Не ми мене е за парите… него неќам будала да ме праат.

Него ај викам да ја удоволам, пошто вака ако продолжи нервно ќе се оболам па после трошкови и за апчиња, рецепти, цигари…

Одма сум пребил тоа, шампони, улошки, стикови, помади и други средства за дезинфекција… сирењето прејде у урда… и веќе ако прогледам низ трепавици, со едно око, списков со 3 за и 2 против поминува лустрација.

Мали, штрајкувате или чашава тече дупната?!

Здиплив најлончето од дома, спалив патиките – идам у гранапче и што да видам… газдава се шашардисал. Откако партнерот му го сместија у ќумка, ептен почна да аздисува. Од ѕид ги оштрафил рафтовите со гратис роба и поминат рок. Уместо тоа стрикно европска класа – нискокалоричен густи сок од шумско воче у стаклена амбалажа без конзерванси… со пулпа.

Жими мандалово.

Ко ја дома да чувам принцеза од Велс… будала една.

Дај од тој концетратот на растварање!

– Нема комшо.

Како бе нема?! Теее да ти ибам владата!

Него нема ситуација од која неможе човек да се извади ако унапред добро ги испланира работите… така мали? Дај од тоа ладниот ордевер. Дупли.

Одамна го немав размрдано југцето, па си удрив рачун за до дисконтот. Надоле у лер докај шо иде, после ќе запалам, у трета… одбиј бензин – тука некаде ќе му се фати. Една стотка ако ништо друго ќе испадне. Батаче – батаче… кој ти го дава.

Плус моторов пајажина фати ќе зариба. После тоа мајстори, трошкови…

Све се тоа хоштаплери пријателе… одма ќе почне уље треба да смениш, гумиве ти се различни, расцепани, ова скапаново да се искитира… па течело, квака на врата немало… ко ја килав да сум и неможам од сувозачко да се пребацам.

Абе другарче… ја тие исти приказни сум ги изнаслушал низ годиниве кујзнае колку пати – па еве го, уште пали. Од втора, ама пали.

Мали, реков ја ладен ордевер, ама ова ептен заладено бе. Салама или потковица е ова?!

Ама ете, пуста женска уста ако не те исуши – никој.

– Бензин да стаиш за утре, треба да ме носиш кај мајка ми!

КА-МИ-ЛИ пријателе, камили – и трите да неможеш да ги напоиш. А на смена баш оној старион апаш што ми пушта први две пумпи со фуш ваздух. Е нече мочи!

Не дека ми е за парите, него неќам будала да ме праат…

Па ти викам… боље тука ќе утепам некој саат тука дур му пројде смена. Ама ти да ме контролираш, да не се заборавам пошто минатиот пат идам дома приквечер и што да видам…
Гравот се крчка на тројка, радионо пршти у стерео а она место да врие чорапи на вруќа рингла – второ кафе со комшиката и празни муабети.

Јебеш кафе отиде и зимницата.

Абе тоа не се деца, него термити. Си играат низ дневна лево десно и се некако у кујна ми се шуњаат. Помини замини брцни со рачето – лапни краставичка. Па неможе тоа така бе, све тоа кошта!

Ми ја ебаа мајката!

И тоа сакав да ти кажам пријателе – пази коа ќе се жениш. Четири очи!

Мали дај уште по една од мене и заокружи сметка.

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...