ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Лејдис Најт

Лејдис Најт

Не постои женски створ што може да ми начука поголеми рогови од оние што сам ќе си ги забијам. За сликовито да го објаснам радиусот на роговиве најверојатно ќе треба да нацртам влезно-излезни отвори на дигестивен систем со сменети улоги… плус еден јуникорн у позадина што чачка по забрането воче.

А убаво ми викаа постарите учи синко од нашите грешки, но ја дудук ни на моите не научив и пак ги повтарам. Пред некој ден пак се заебав да поверуем на флаер и да потрошам саботна вечер за лејдис најт* у фенси диско – втор пaт у живот.

Се избричив, се скоцкав у онаа свадбарската кошуља и со полирани ципели уз парфемисана ваздушна обвивка тргнав у провод.

Да ти ебем и лејдис најт и мои планови со задни намери. Не сум бил најпаметен на светов. Мушка популација од пола скопски села со ист памет ко мојов, баш денес решиле да фаќаат женска за озбилно.

Се стационирав на шанк и почнав да ловам женски единки у мутно. Што да ти кажам, жени у дисково ко ѕвезди на тмурно небо… бољи да барав детелина с’четири лисја у пченкарно поле.

Поминав така некое време у опсервација и лактиве ми се разранија од потпирање. Видов не видов удрив на алкохол до јаја. За кратко време се напраив гоце арнаудов и решив мислите да ги пуштам у некој оптимистички бизнис план.

Ама гром мава коа најмалку очекуваш.

Се разлетa конобаров ко глуварче и почна да ми реди спам штокови у инбокс. Се вртам околу и све ми мириса на педерска частенка. Затегнав каишот 3 дупки погоре и со леванка стегнав една пепељара за брзи интервенции.

Шарав со очи едно 15 минути и едвај најдов едно момиче забутано позади звучник на сепаре како ми шаље осмеси и перверзни телепатски предлози.

Сум видел ја цури метро и желба… ама оваа бе ни метро! Само желба. На човек да му е страв да кивне пошто ќе ја настине. Да не зборам за други активности… ќе ти умре качена, и на кур** ќе ја носиш цел живот. Али боље нешто него ништо… башка може карактерно ќе го омекне она што и го изделкал севишниот.

И наздравив во нејзино име со штокчето кое ми ги прати!

Поминаа некое време и глеам нешто слагалицава не ми се уклапа… шток и даље стиже, а цурава се поретко у очи ме глеа. Дрмнав уште неколку пред да сфатам дека задњиве две се порачани откако си отишла. Уште не ми беше прошол закључокот низ нервен систем кога у врат ми дише момак со билборд на чело ПЕДЕР!

– Здраво ја сум Лоренс (и ми се слади со очи на патлакот ко мајмун пред банана).

Кога сум му ја дал една исконска од петици, го задеси цунами преку маси и столици.

У ист момент ме телепортираа батките од обезбеџење и ми тетовираа забрана за влез од 3 доживотни. Најискрено кур ме боли… и за васпитните и за тоа што нема никад да имам прилика да сум фенси фраер. Ама као сеа ја да живеам со фактот дека ме начука Том Џонс на педерска частенка? И тоа пази на Лејдис Најт!

*синоним за парадокс, пример за сарказам и повод за доживотна јанѕа – лажњак што суштински се доживува само на журки со мушки стриптиз.

**мушки полов орган за репродукција и ручна занимација – обожава да се тресе во ладна вода и да шета по туѓи дворови. Неосознаен свемир за малолетнички испод 13.

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.

2 коментари

  1. avatar

    Па не верувам дека девојки за озбилно ќе ти идат на лејдис најт. :))) уште на почеток си згрешил :D * сочуство.

    • avatar

      давеник и за сламка се фаќа.. е лошо е што понекад може за сурла да се фатиш