ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
На шанкот

На шанкот

Пригушлива атмосфера, тивка музика и празно столче измеѓу мене и неа…. Двајцата потпрени на шанкот, ко прваче кревам два прста и шанкерот веднаш знае што треба. Далеку од сите а толку блиску до неа… Невидлива бариера меѓу нас која полека исчезнува со секоја помината минута, со секоја испиена чаша, со секоја наредна цигара…

Понесен од тагата, ја набљудувам и го опипувам нејзиниот проблем. Очите ништо не ми говорат, само тага и разочараност гледам во нив. Се обидувам да ги најдам правите зборови како да и пријдам, но немам храброст. Конечно мафнав со раката да и привлечам внимание, но наместо тоа добив само уште една тура од будното око на шанкерот.

Ме фаќа “среќниот час”. Го дуплирам темпото на пиење. Иако одамна го достигнав својот максимум, секоја наредна ко да ме трезни. Ми ги прочистува мислите таа жолтеникава течност која не бев у состојба да ја идентификувам. Со поглед се обидувам да ме запримети- залудно. Времето одминува и се дешава неизбежното. Селски фраер се паркира на столчето меѓу нас. Уште не ги извадил клучевите и скапиот мобилен на шанк и вика: Што пиеш? – Денес ништо фала. Станува и тргнува накај вратата. Поминува покрај мене и со нежен допир по рамото ми вели: Фала, мило ми беше се гледаме некогаш.

Немав време да одговорам. Се заврте уште еднаш, ме уби со поглед и исчезна засекогаш…

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.