ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
“Еспресо у кригла”

“Еспресо у кригла”

Не можам, а да не го спомнам и да не завземе барем мал дел од нашево блог-катче местото каде што го поминував поголемиот дел од своето не толку скапоцено време, со оглед на тоа што кога сум тука, го имам на претек.

На два-триес метри од  Дом на АРМ, спроти спомен куќата на Мајка Тереза, или пак одма до Кино Култура, имаше едно пабче каде што од првиот ден се собираме, ние, стално шо си пашкаме¹…

Сеа размислувам, и некако не ми текнува дека претходно имавме некое место каде што можевме да поставиме камп на шанкот сабајле, и да си идеме попладне, коа му завршуе на другар ми смената. Тој е оној истиот Атила, што го иам спомнато во некои претходни постови, што си ја проба среќата во Соединетите Американски, Обединетите Арапски итаканатака. Сега е тука. Све е под контрола.  Скромни сме ние дечки, не бараме многу.

Извини, другар, што ме почека малце, ми се испразни батеријава, па морав да го земам полначот.

Каде застанав….а, да…кажував дека не ми текнува дека претходно сме имале некое место, бла, бла….а сеа, додека го зимав полначот, ми текна дека имавме едно, тоа е она каде што работеше мојава будуча², тогаш потенцијална боља половина. Али од коа стана моја будуча, и од коа напушти тамо, некако не не носеше патот натака…дали поради овие причини, или некои други, не знам, а не е ни битно….како и да е, кратко бевме стационирани тамо.

Е ваму, друже, бев скоро од првиот ден. Кога немаше тераса надвор, кога седевме внатре и мирисаше на ново, кога немаше слики на ѕидот, кога ги дававме првите критики, позитивни и негативни, кога немаше лажичка за еспресо, а ни апарат. Кога немаше мутилица за нес, а ни нес, кога немаше лед, лимун итн.

Е тогаш, кога немаше еспресо, нес, лед и лимон, од сабајле почнав да пијам пиво. А фала богу, пивата ги има во изобилство уште од самиот почеток. Најразлични врсти. Темни, светли, јаки, слаби, со банана³, без банана, со вкус на цреша⁴, без вкус на цреша, од 80 денари, од 300 денари…

Ние на почетокот, како замена за еспресо, почнавме да пиеме темно.“Еспресо во кригла„ го нарече господинот Алан Делон , што прапрапрапра дедо му, пред 500 години, ја товарел бабата на прапрапрапра баба ми, па заради тој негов прапрапрапра дедо денес на еден другар, кога дојде да седне на маса со мене, му реков: “Бујрум на кафе…„.

Е тамо, после неколку години, почнав пак да пијам и водка, а зашто сум ја прекинал, да не ти кажувам…нели, еврибади хес а водка стори….а и све што му штети на организмот, а мене ми прави да се осеќам убаво. Не дека сум алкохоличар…не дека и не сум, ама хедонист е некако поблага варијанта, и некако поише ми одговара.

После неколку месеци…имаше лажички, имаше еспресо, имаше и нес. Све имаше. Ама ние уште пиемве темно, водка и шток сабајле, попладне и навечер. Јеби га, “Навика је чудо, а шта ја теби причам о навици…“⁵

И сите овие работи, секој дел од нашиот живот, секоја минута помината на шанк, секое испиено пиво, секоја дешавка, сите убави поминати моменти, сакале или нејќеле, се испишуваат во нашиот мозок, и лека-полека, тој (мозокот) ги архивира, и аутоматски стануваат дел од нашето минато. А мозокот, друже, понекогаш заборава, па затоа, некад е добро сето тоа да го пренесеш на виртуелен папир како што јас направив сега…

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.

4 коментари

  1. avatar

    Да се отвори пак! Неам саглам „кафе“ испиено на пауза од работа со месеци…

    • avatar

      Ни јас! Понекогаш се загледувам во пењата од освежувачот во веце шољата дур пуштам вода.. залудно. Мирисот е ист, ама вкусот сигурно не. Тоа макијато е неповторливо :(

    • avatar

      Ах, просто вчудоневидува и остава без збор. Ме потсеќа на сите тие хоштаплерски со крадење порази од Докторот у пикадо..