ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Некои родендени се тажни

Некои родендени се тажни

Во срцето камен,
очите влажни,
некои родендени се тажни…

Место да пеам
денеска плачам,
душава ја облева тага,
го прашувам Господ
што ли ти згрешив,
зошто ме казни,
некои родендени се тажни…

Би сакал сето ова
да биде сон, да биде лага
да ме исполни среќа, наместо тага,
да го славиме сите, овој ден важен,
но лага не е, вистина болна,
денешниов ден навистина е тажен…

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...