ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Неостварен сон

Неостварен сон

За еден миг
ќе создадам стихови
за тебе
од дното на душава
ќе ти кажам
те љубам,
немоќен сум против тебе.

За еден ден
ќе бидам
покрај тебе,
најблиску до небото
ќе ти го покажам мојот облак,
од каде црпам љубов
за тебе.

За една недела
ќе се разбудам
покрај тебе,
најблиску до сонот
ќе бидам среќен,
совршено утро,
совршена ти.

За еден месец
нема да сум покрај тебе,
длабоко во мислите
ќе знаеш
каде ми е срцето,
кој ми е сонот,
остварен,
неостварен…

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.