ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Неспокој

Неспокој

Празни луѓе,
полна месечина.
Осамен талка,
изгубен во темнината,
заробен во сонот,
само месечината,
му ги гледа солзите.

Во цигарата и дождот
го бара својот мир.
Димот од цигара исчезнува,
како душата, за миг,
вкусот се врежува,
длабоко,
преку секое сетило.

Мирисот на полноќен дожд
ја ублажува болката.
Шепотот на капките,
топол и познат,
ја измива болката,
се обидува да го разбуди од сонот,
кој никогаш не го сонил.

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.