ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Реноме

Реноме

Реноме је битна ствар у животу сваког живо биче.

Незнам дали некој ја кажал оваа мисла, али битно ја да ја запишам дур не сум ја заборавил.

Се шеткарам со една мала пегава плава низ нашиов ни град и се’ пцујам што ми требаше да идеме за озбилно више неколку месеци. Ова со идењево баш буквално. Врската се базираше на секојдневно пеш(Љ)ачење и влечење кеси кое она го нарекува шопинг, а мене рацеве жуљосани ме печат до подлактица.

Бев приморан да и стегам фори и палам цигара по цигара демек раката заузета, а со другата од љубов да ја прегрнам… ама брзо ме провали и ми обеси тоа ручките на секој екстремитет што ми штрчи. Луѓе со диоптрија парички ми фрлаа мислејќи дека сум армоникаш. Ми пукна филм еден ден од мајтапов што го тераа маалскиве со мене, па решив да и се спротиставам прва прилика… добро не беше прва, ама едноцифрен број беше гарант:

Ја чекам пред ванила и размишљам за сите лоши ствари што ми се десиле у живот со цел да добијам на мушкост. Помина уште некој саат дур стигна па ми пројде и агресија и зли мисли и на крај бев пресреќен што уопште се деси.

Денес идеме у шетња, да види светот каков заљубјени пар сме и колку си одговараме – испуцав заповеднички од прва уште пред да се пољубам и да ја наречам со некој спонтан деминутив.

Тргнав гордо рамо до рамо со неа и веднаш ме замоли да и ја придржам ташничката дур се огледа на зрцало и пролепша физичка лепота… Додај ми ова, додај ми она! Демек ја праам разлика меѓу перли и римел, па уште и маскара треба да знам по кој редослед се става. Пола град поминав со светљуцава ташна на рука и почнав да приметуем дека и муда на комарец ме подјебаваат при разминување. Ебате тоа реномето што го иам. А и оваа ташнава рамо ми деформира, ко акомулатор да носи у неа. За 8ми март ќе и земам од оние со тркалца.

Седнавме на кеј у позерски кафич по нејзин избор и порача некој розе коктел. Ја па само додадов “нека бидат два”, пошто мрзам расправии у јавност… башка штурат реноме!

Обеси тоа цвикерите за швајц апарат на глава и пола саат муабет не ми напраи. Си најдов занимација у грицкање нокти ама набрзо ми снема материјал, па требаше или чорапи да соблакам или да глодам од масата. Свесен дека тоа не е океј за моето реноме и’ предложив да прејдеме на фајрон сликање за фејсбук и да фаќаме пут под ноги.

Ме отече уште добри 45 минути со фотосесија дур идеално не се истакнат нејзините цицки кои па никако да бидат у складност со облаците на небото… потпишав договор за фотошоп обработка и едвај тргнавме накај дома.

Добро не накај дома… она у шопинг, а ја у кафана да си го дотепам реномето!

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...