ќе пројде и четврток, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Романтична комедија

Романтична комедија

Не е лесно човк да се заљуби во овие транзициони времиња на кредитни картички и социјални мрежи. Уште потешко е врската да потрае ако сметката ти е у негативна нула, а лајкови не кликаш ни по цена да видиш цицка твоих сни.

Си седиме со една џам синоличка испод ведрото небо и си се сакаме. Ептен си се сакаме! Нашата љубов трае више 5 дена, иако официјално сменивме статус на лицекнигата пред три дена… али права љубав години не брои!

Ми симиња она ѕвезди со секој збор и ме ословува со деминутиви место сврзници у реченица. Ја па со воздишки ја голтам нејзината слаткоречивост без да ја разџвакам и секоја пауза меѓу редови ја користам да се задржам на земја.

Ѕвезди, сонца и месечини… љубовни лирики и рефрени со лични потписи колку што ти душа сака. Секое соѕвездие на небото го исцртувало мојот лик, ветрот ја потсеќал на моите прсти во нејзината коса, бајадерата имала вкус на моите усни, очите ми биле сјајни дијаманти, љубовта наша била свеќа со вечен пламен, а моето име со златни букви врежано во нејзиното срце…

… гледам нешто не ми штима овде, па не сум ја од вчера. Решив да почекам уште некој ден пред да и отворам љубовни порти у срчан фаервол… па после ќе ја женам!

Повлеков ручна и наредна недела со тампони во уши пратам ситуација…

Наеднаш ѕвездите станаа камења, ветриштата раздуваа, свеќата згасна, а бајадерата доби вкус на кухарско чоколадо… оние буквите па, споделија иста судбина со титовите на железничка.

Не дочекав ни среда, ме шитна као скапан патлиџан на кванташки…

Нареден викенд се заљуби у друг.

Така иде тоа… некој цел живот бара права љубов, а некој се заљубува 5 пати месечно.

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.

Еден коментар