ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Генералка

Генералка

Генералка претставува процес кој секое машко треба да го применува еднаш годишно.

Процесот е составен од повеќе етапи:
1. Контаминација – Максимално прљање на собата на секој можен начин (кога ќе предизвикате повеќе константни реакции кај гостите на нагон за повраќање од мирисот и глетката) или кога самото влагање ќе ви биде отежнато односно ќе се заглавите од расфрланите ствари – ондак е време за акција!!!
2. Планирање – Двомесечна поготовка и одложување на акцијата ради најразлични глупи изговори.
3. Чистење – приморан акт кој се извршува во шталата (кочина) поради здравствени причини, а следи по препораката од докторот да пешачите поред велешка топилница со што би вдишале почист воздух.

За првите две етапи нема да говорам многу… почитувајќи ја единката како конституционален член на општеството ќе ве оставам сами да ја користите својата фантазија и желба…

Она на што сакам да се осврнам е третата етапа и техниките за чистење:

(напомена: секоја техника деконтаминира различен тип на радиоактивен материјал и состојки)

Шутирање – оваа техника би требало да се примени уште на стартот. Ефективна е кај покрупни парчиња на ѓубре или облека. Плакарот може да ви биде замена за гол и слободно повежбајте слободни ударци… ако не успеете од прва, ондак од втора, трета…

Клизање – клизањето е ефективно за кршливи предмети ко што се празните флаши и разни рамки од слики. Се што треба да направите е да ги пролизгате под кревет и совршено ќе ги снема од вашиот видик. Првите 2-3 најверојатно ќе идат курбан дур ја осетите силината со која треба да ги проклизнувате, а да не се удрат и искршат од ѕид… без паника, срчите се на недостапно место така да не постои опасност да се исечете.

Илузија – техниката на илузија уствари значи чистење на ѓубре на тој начин што тоа е сеуште присутно но невидливо за око. За оваа намена најчесто го користиме тепихот со тоа што ѓубрето го буткаме испод него. За жал тој е со ограничена квадратна површина и може да деконтаминира само одреден вид на отпад со специфична форма (храна, пикавци, меки материјали и ситни парченца). Затоа тука на помош доаѓаат тешко достапните процепи и тајни местенца кои се дел од секоја соба и на крај памет би му паднало на некој да погледне таму.

Садовирање – оваа техника е многу брза, претставува собирање на сите шољи, чаши, тањири, виљушки… и нивно префрлање у умивалник (или пред врата). Понатаму не е ваша обврска и не треба да ве интересира.

Ќош – техникава ќе му дојде ко нус производ на претходните… се она што не сте успеале да го очистите со претходните техники го џиткате у ќош, со надеж дека ке се саморазложи до другата година.

Замачкување – тоа е процес у кој се замачкуваат сите флеки по тепихот масите или ѕидовите… најчесто се извршува со носена чорапа која се навлекува ко ракавица преку раката. Флекосаното место се попљукува и со кружни движења во правец на сказалките се врти се дур бојата на основната површина не се поистоветува со флекосаната…

Така по завршувањето на третата етапа од генералката, по кружен редослед повторно се преоѓа на првата етапа односно загадување. Најдобро е да се поканат сите другари… да се напраи скара, да се мези салата и да се пие до раните утрински часови…

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.