ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Гулабарство

Гулабарство

Гулабарство е стара еротска дисциплина која датира од времето на Адам и Ева, различна од поимот Голубарство. Имено се работи за страсни колекционери и љубители на Гулабици кои можеме да ги поделиме во 2 групи:

– Олдскул Гулабари (квалитет пред квантитет)

– Модерни Гулабари (квантитет пред квалитет)

Како и да е, принципите, начинот на одгледување, страста и крајната цел се исти кај двата вида.

Најбитно од се за сите идни Гулабари е да почнат да се занимаваат што порано со оваа дејност, со цел и плодовите да бидат ужнеани порано, односно да се избегне сушниот период.

Затоа добро би било уште од мали нозе да се обележат идните Гулабици. Да се хранат и негуваат низ годините, понекогаш да се советуваат па и утешат. Само вака пораснати Гулабици се гарант за квалитет и верност во иднина.

Доколку продолжиме со расчленување на оваа дисциплина ќе дојдеме до уште 3 нови подгрупи карактеристични за двете групи:

Гулабари Домачици – својот кафез го позиционираат во свое маало со што би имале целосен преглед на ситуацијата и би ургирале во најкус можен рок, се разбира доколку е потребно. Народната подобро спречи него лечи е главен адут на ваквото позиционирање, како и предвремената селекција на потенцијалните гулабици кои се обележуваат по принципот кој прв стигне. За мааните нема да говорам бидејќи тоа зависи од самите квалитети и посветеност на Гулабарот.

Гулабари Скитковци – својот кафез го позиционираат најблиску преку едно соседно маало или поодалечно маало стационирано на другиот крај во градот. Оваа подгрупа е карактеристична за Модерните Гулабари, а кај Олдскул Гулабарите се среќава само ако Гулабарството е испечен занает во фамилијата, односно Гулабарот бил подпомаган од својот татко, дедо….

Главен адут на оваа подгрупа е можноста за повеќе занимања во различни маала, како и имуноста на лошата репутација од еден во друг гулабарник. Како и во претходниот случај за мааните на оваа подгрупа нема да надофрлам бидејќи зависи од Гулабарот и неговата снаодливост во просторот и времето.

Гулабари Лешинари – е најзастапениот вид на гулабари, чии членови се најчесто оние кои нема да доживеат успех во претходните две подгрупи. Имено се работи за гулабари преваранти кои жнеат плодови на туѓа мака. Најчесто знаат да искористат момент на незадоволство на Гулабицата од својот Гулабар, па и улетуваат со давање лажна надеж. Често знаат да се служат со опивна храна односно со просо збогатено со витамини чие дејство би натерало и најзадоволна Гулабица да го напушти кафезот и Гулабарот

За крај би сакал да напоменам една традиција кај сите Гулабари без разлика на која група или подгрупа припаѓаат. Имено како и се на планетава, така и Гулабиците си имаат рок на траење. Многу е битно Гулабарот да има сенс за секоја Гулабица одделно бидејки рокот на траење е индивидуална ствар.

Откако ќе се дијагностицира поминат рок (најдобро е после советување со некој колега), или пак се примети нелинеарно летање на Гулабицата кај други Гулабари, се преминува на следната фаза односно угојување на Гулабицата со цел да стане по “мрсна”. Оваа фаза мора да трее многу кратко бидејки и останатите Гулабици може да се угледаат на неа, а тоа за секој Гулабар е како 5-0 пораз на свој терен итоа со автоголови.

Следно што следи е закажување на Гулабијада на која ќе присуствуваат голем број на Гулабари. При тоа Гулабицата е сместена во средина и се загрева на висока температура се дур не се испече. Гулабарите пак, сите истовремено откинуваат парчиња од нејзиното месо и се сладат по принципот кој што фати фати. Она што ќе остане од Гулабицата најчесто е доглодено од Гулабарите Лешинари, пред да се најде во еколошка хартиена кеса спремна за рециклирање… и то е то!!!

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.