ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Кошули

Кошули

Чудна работа е ова со филозофијава… можеш да си тераш до сабајле и никој да не те разбере што збориш. Башка и лесно се станува филозоф, треба само да ја замениш суштинската фигура со некоја банална ствар и да напишеш збор два за неа… некои ова го викаат алузија.

Еве на пример да ги зееме кошулите у мојот плакар… не дека сум ги имал којзнае колку у животов, ама сум можел да ги имам бар пет пати поише… ах пусти принципи.

Ми текиња на една омилена, со години и години си ја носев у секоја прилика. Јадев, спиев, искачав… се праев со неа. Никогаш не избледе колку и да ја перев, најверојатно пошто скапо ја платив. Мислев дека ќе ја носам вечно, ама ете пуста мода ја натера сама да се прекрои… а ја одлскул дечко што не мења стил за ефтини принципи. Деновиве баш буричкав низ плакарот и се потсетив на тие времиња… толку ја сакав, а сеа некако кичерајски одбивно ми делува и пари да ми даваат не би ја натнал на мене.

Одма позади неа се наоѓа и онаа првата кошула у животов… најверојатно сум ја зачувал ради хронолошкото значење пошто најискрено никад не ми фаќала око нешто посебно… имаше премногу долги ракави за мене.

Брцнав подлабоко у плакарот и извадив уште неколку… избледени до максимум. Неможам да се сетам ни на една прилика кога сум ги носел или купил. Знам само дека некои ми беа мали, некои големи и имав чувство дека сум се заебал…

Тука е и онаа плавата, со зелени копчиња… единствена од овој колоритет на кошули у мојот живот. Иако јавно сум изјавил дека тоа е мојот омилен тип, сепак увек прекасно влагам у бутик и најчесто ми ја купуе пред нос некој си фенси фраер со ептен кеш.

Има и 4-5 празни закачалки… тоа се кошулите кои ме освоиле на некој начин низ теков на моиве 22 години но единствен контакт ми бил со фацата слепена за затворен изглог. Затоа им чувам место засекогаш во мојот плакар, иако знам дека никогаш нема да ги облечам.

Неможам а да не ги спомнам и специјалките у мојот плакар. Уствари они никад не си го нашле местото у плакарот, нонстоп се маткаа низ соба зафрлени. Мистериозно улетуваа у моја близина.

Памтам дека беа некојси чуден крој, дури и не личеа на кошули… криво зашиени копчиња у разни нијанси, дволични со две бои од напред и позади… погодни за секоја прилика, а уствари за никоја. Сами се наметнуваа и паѓаа у очи секад кога се облекував, но ете господ ме чувал и никогаш не ги ни раскопчав.

Копнееа за совршено тело што ќе ги носи, а ја наравно не им бев доличен, иако и они беа далеку од тоа. Шо би се рекло сакаа прекрупен врат да собере у нивните зашиени руски крагњи… сеа времето ги избледе и распарчи до максимум.

Ко задња би ја спомнал и онаа скинатата кошула што ме кривеше дека ја сум ја скинал… да не беше склона кон актерство можеби и ќе ја зачував подолго… шознам убаво ми стоеше, правилно струкирана по моја мерка. Јбг понекад и недостаток од една црвена флека од вино е одлучувачки фактор за иднината… и тоа е тоа.

И ако има сеа некој пациент кој пробува математички да го обрачуна плакарот и кошулите нек не се мачи. Некоја забораив, некоја ја додадов но се на се, малце се… аххх, морам под итно да мењам принципи.

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.