ќе пројде и среда, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Виртуелен сељак

Виртуелен сељак

Виртуелен Сељак гледано од мој аспект ти е државна администрација. Неписмењак, копук, дибидус и створ од човечко битие што беспотребно попунува дата бази на сервери…

Тоа е појава распространета ко турбофолк и е битен фактор за ширење на “Сељачизам и Ренесанса” во општествени кругови, или маалски кажано – друштва.

Виртуелниот сељак се приметуе од прва. Obozava da pisuva latinica, се wigawi на секој збор и е зависник од 6ki, човек да помисли дека е мавнат со 4eki4 по глава…

Ако е у понапредна фаза ондак кРеАТиВниТе klETkI mU DosTiGAaT MaKSImuM што веднаш паѓа у очи, но ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ СИ СТИСКА КАПСЛОК ЗА !!!!!!!!!!!!!!!!!!! – те да му имаат смисла.

Виртуелен сељак на нет го има ко миленце у македонска куќа… а фабриката му е каде ако не на фб. Ќе поминат уште векови и векови дур научи дека постои копче “вметни линк” и јутубот во најдолгата можна форма http://www.youtube.com/watch?v=s-UIOVAp75U&feature=related ќе исчезне као рептосаурус… до тогаш ќе лајка патетични сингл статуси, свои објави и ќе се моли да измислат лајк на лајкот.

И ништо од ова не е битно, битно е дека е член на идиотски групи кои телепатски ќе му кажат кој му го мањачел профилот или пак ќе му го кренат егото до плафон… се у комбинација со 356217357621 статуси од типот “се бањам “(браво успат) и “си поминав најубаво во живот” (по третпат неделава) а тек је среда.

За малолетничко понашање на “жени” у години од типот срцка, најубави, френдици… неќам ни да почнам – алергичен сум више него на сликите со напрчени муцки. Затоа ќе завршам со една мудра мисла од господичниот Рамбо Амадеус:

“Турбофолк е кога простаци доаѓаат во допир со техниката”

Ајде живели…

пи точка ес – Авторот со своите раскусурени дваесети никад у живот не попил пиво од чаша у кафана… што наравно не го прави Виртуелен Сељак.

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...