ќе пројде и четврток, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Жетва

Жетва

Колку што беше неплодна и сува 2012. година, толку е плодна 2013.

Жетвата е многу деликатна работа. Треба тачно да знаеш кога кој плод созреал и кога е спремен за жетва. Ако го жнееш порано – праиш штета, покасно исто така. Треба тачно на време, затоа е жетвата деликатна. А штетата е подеднакво иста и во квантитетот и во квалитетот на родот. Исто така, одложувањето на жетвата ради поголем род може да донесе несакани последици, а прерана жетва би дала помал род. Во 2012. не се покажав многу како земјоделец, иако имав доста шанси за плоден род. 2013 ја започнав онака, на стар традиционален начин, рачно и со помош на едноставни орудија,  иако полињата се доста захтевни.

Првото поле што го посеав уште во 2012. тек на почетоков на 2013 го ожнеав, баш поради горенаведените грешки што ги спомнав. Семето беше старо па се мислев дали да вложувам труд, но го послушав советот на еден мој добар пријател, иначе искусен земјоделец, па го ожнеав на време, и остаив место за уште една жетва, али о том по том. Исто така, боговите ги услишија моите молитви, па ме опсипуваат со богат род сеуште. Фала им.

Второто поле, сакав да го жнеам прошлата година, ама почнав прерано и дојде до несакани последици, па ја одложив жетвата за понатака. Сепак, оваа година, жетвата ја предадов на друг иако он глеам не знае како, па ќе морам јас да ги превземам работите во мои раце.

Третото поле, го посеав пред два дена, и сега чекам погоден момент за жетва. Иако мислам дека набрзо ќе биде спремно. Исто така, имам и некои стари полиња, кои сум ги посеал одамна, али никако да ги ожнеам, или сум започнал, па се до пола жнеени. Во мојот крај, има еден обичај, традиционални групни жетвени радови. Тоа е кога ќе се соберат друштво земјоделци, па го жнеат полето заедно. Не е битно кој го посеал. Еден сее – сите жнеат. Максимумот дозволен земјоделци за едно поле е 3, бидејќи ако има повеќе од 3, нема сите да имаат работа, и ќе треба само да гледаат како другите жнеат.

Во земјоделството, најстрого е забрането жнеење туѓо поле. Доаѓа до последици од типот – орално блудничење по најблиски членови на семејството, тепачка со газдата и во најлош случај убиство. Мада мене најглупа работа ми е да се скараш со било кој за поле, не дај боже да убиеш. Исто така може да се деси од љубомора, некој да ти го посее полето со отров, па да ти пропадне цела жетва. Но тоа ретко се случува, зависи колку си паметен, дали ќе го заштитиш, дали имаш против отров, и најбитно дали знаеш да го искористиш истиот. Викаат дека одредувањето на жетвата е како коцкање. Но, зависи од искуството на земјоделецот…ако е искусен, ризикот е сведен на минимум.

Жетва е златното семе,
богат ни родило плод,
блазе кој сеел на време,
кој што се трудел со пот. (Х 2)

Блазе кој учел па сега,
плодец ќе набере благ,
кој од работата бега,
трње ќе бере и јад.

И совет еден од мене. Никогаш не се задржувај на едно поле повеќе време.
Жнеј го два три пати, па бегај.
Зашто и не секогаш успеваат повеќе жетви одеднаш…

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.

тролни си