ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Дождец

Дождец

Севишниот се беше разлутил како шеф на кујна кога ќе помириса млечен кашкавал у сендвич… Едни камења што попаѓаа од горе, чиниш им го расплакал мамичето мамино на ангелите.

Ја па неам навика да носам чадор исто као што неам навика да шеткарам пластичен клон наречен лична карта. За разлика од личната што немав појма во кој град ја имав истресено… чадорот ми беше грижливо спакуван (неотпакуван) потрпен у гепек веднаш до приборот за прва помош, алатот, пумпата и поткршениот трокут… штета што колата више 2 месеца ми беше на сервис, па не видов аир од мојата педантност и одговорност.

Како и да е, после дождот доаѓа сонце… нели.

Се бутнав испод една пробушена церада од трафика и решив да исчурам една цигара дур преврне… и две, три, четири и цела кутија… камења паѓаат ли паѓаат. Горнион изглеа ги распердашил ангеливе до коска, или пак овие се плачковци ко итаљани у фудбал.

Два саата со дожд си го допунувам кафето од автомат и по втор пут листам весници да видам да не сум пропуштил нешто у црна хроника… дождецов никако да прекипе. Дури и неугодно ми падна кога на шала го прашав продавачов дали има шампонче, а он ми врати демек да не сакам и да ме протрие со сунѓерче. Скраја да е од такви педерски марифети… боље мов да ми фати, него мушка рака да ме пипка со полукружни движења.

Него заеби ти докторе дожд – си викав у себе. Овој стварно да не сака да те есапи… опасно е сам, накиснат ко педер, нема ни кој да ти викне пази леџа… од кај знаеш дека нема погрешно да го перцепеира тоа што си навлажнет на неугодно место?!

Да си фаќам ја пут по ноги па макар и ме перне гром… бољи него да умрам наденат на колец од позади.

Веднаш се ушлепав испод првиот чадор што помина и тек после прашав дали може да идеме заедно…

– Не сум за врска у моментов…

Ми одговори со слатка насмевка уште послатка девојчица на мои години.

– Се шалам, слободно пикни се – рече откако ме осети дека ме збуни као прваче.

Ја па старо магаре ако не промрчам не сум жив:

– Ааа па не се пикам ја на секоја… треба да заслужиш! Али дезенов на чадоров ме освои па еве ти ја имаш честа да ме шлепаш испод…

Ова сакав да ја фатам на карта поштеност и хумор со еден удар. Вистината беше дека толку беше јака што би и влегол дубоко ако треба и на божиќна трпеза.

… и така од шала разврзавме безвезен муабет за све и свашта и за 10 минути ми се роди чувство дека ја знам цел живот. Ете и тоа дочекав, флерт испод чадор по каливи улици со девојка каква што нема ни на модна писта… понекад сонцето после дожд доаѓа во друга форма.

Ама само по некад… не и тогаш. Ме чу другар ми Марфи и веднаш засука ракави. Дождот прекина и пукна сонце… мечка се жени, а ја ко на погреб. Кратка разделба и она десно, а ја лево… на раскрсница кај рамстор.

Се завртев после 30 метра… и она беше свртена. Ебати мисирот!

Бар име да и знаев…

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.