ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Германката

Германката

Ако прашате некој од копиљациве у маало, со сигурност ќе ви кажат дека и не сум баш некоја филмска ѕвезда, а уште помалку нивни херој. Но шо знае нашава холивудска омладина за квалитетни филмови со збунувачко сиже, изгубена перипетија и кулминација со немогучи расплет.

Баш пред некој ден глумев у еден сличен врхунац шо ми се нема десено со години… можда од втора светска војна.

Ко резервен војник наоружан со апарат, бев фатен и заробен у една подземна просторија во скопјево. Уше во старт му викав на командирот дека не сум ја за таква мисија… млад, неискусен, речиси никаков тренинг, опкружен со најспремни германки нема шанси да успеам.

И во право бев!

Не бев пукнал ни еднаш со тоа блицот накај цуриве, ме освоија ко напуштена тврдина. Ама нек се најде јунак што ќе одбере у која попрво да пука.

Ми осетија најверојатно слабост, па си земаа за право да ги сменат улогите. Ме построија пред хромата ко партизан пред стрелање, се наредија спроти мене како стрељачки одред и почнаа една по друга да пукаат со ишарети. Обично си носам панцир, ама не очекував дека германките ќе бидат толку лични. Што да кажам повише… секој истрел директ у срце. Човек да незнае од кој да умре.

Се сетив на една дешавка ко копиљ кога се мислев која боја патики да си купам, па на крај си се вратив дома со Кито сандали… и веднаш паднав ко покосен на следниот истрел. Ме собра германкава под рука ко уловен дивеч и директ у кантина.

Лична беше маме и ебем, ама се низ глава ми се вртеше војничка туга је велика… тие другите ко поарни ми се гледаа. Него добра навика си иам за лошите избори да наоѓам добри изговори, така да брзо се уверив у спротивното .

И симнав неколку ѕвезди а останатите метци ги испукав со ќорци за да не си дае превише на значење. Вака изедначени со раните лесно се договоривме од кантина да прејдеме у ров. Без многу нишанење се распиштоливме во знак на примирје. Гакичките ко бело знаменце и ги обесив на видно место за да не ми наруши случајно некој од маалскиве соборци примирје.

Почнаа индиректни преговори.

Ама германка ко германка тврдоглава, не се откажува лесно од побитни територии. Какви све тактики не пробав, никако да и влезам дубоко у терен. Него кај што има сила нема правдина… ми текна на шаркото ко задња варијанта. Го уперив у неа и и реков или милом или силом.

Одбра милом, ама мене ко да ми се чу силом. Кога распуца шарко 300 метци у секунда… сито и решето сум ја напраил. Незнам ни ја се у која дупка не погодив, ама знам дека едвај издржа дур ми се потроши муниција.

Се поздравивме фино лепо и се договоривме после војнава да изиграме со другарка и партија тенис у двојки… мада ко џентлмен ќе им попуштам па ќе играм сам.

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...

Еден коментар

  1. avatar

    Само шо овие на сликава се Израелки !