ќе пројде и сабота, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Као…

Као…

Вчера као да сањав нешо као денес е валентајн и као демек не е трифун… Као пијам утринско кафе спремено од тебе и као лежиш ти до мене…

Као ја и ти сме заедно и као Тој и Таа никад не ни биле у нашите животи… Па као демек слепо веруваме у нас и секој заеднички ден као да е приказна за себе…

Те гушкам најсилно као да е задњи момент од мојот живот и као да викам фала на некој таму горе што те сретнав кога ми беше најпотребна… ме погледнуваш скришум као некад кога бевме далечни и као со поглед да ми кажуваш тоа што сакам да го чујам…

Сеуште необјасниво се кочам на тие очи и сеуште изгледам као заљубено прваче изгубено низ школски ходници… а ти сеуште ми возвраќаш со слатка насмевка зад која се крие лошо искуство, скриено као годините на моето лице…

Повторно тргам поглед за да не бидам нешо као нападен, исто као што праев на времето кога јас и ти бевме само као мишн импасибл… и као намерно глумам молчелив пошо скоро увек реченицата добива лоша извртена смисла…

Сеуште го кршиш ледот и знаеш као да ме погодиш у срце со секој твој као случајно кажан збор или споделена емоција…

Еве и песните на радио знаат да се погодат утрово као некогаш во ноќите…

Замижувам и размислувам као да го наговорам времето да застане, као да биде вака засекогаш, као да остане ова последниот спомен од нас и као никогаш да не исчезне… залудно.

Сфаќам дека као и да свртам исто ми се фаќа… ќе исчезнеш после неколку саата сонување исто као у реалност.

Пак ќе треба да чекам со денови да бидам у твоја близина и пак ќе сањам дека моите сништа се вистински…

Се будам… и се е као порано…

Место тебе, лаптоп у кревет ми праи друштво…

Као се облакам и као трчам до продавница да не ме фати закон за алкохол… денес е трифун.

Нек ти е среќен валентајн…

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.