ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Лајкерка

Лајкерка

Недела… некаде во шпицот на охридската сезона кога Скопје е празно како новчаник на крај од месец… свирка, маалски пациенти, пиво, шток, добро познат стар кафич, нова конобарка… остај што е нова, него и шток точи ко капки за очи.

Време е да си одиме – нема леб овде!

Уште не бев докажал, непозната женска глутница од друга општина се паркира на сепаре одма до нашиов коњопој и порачува некојси фенси коктел по принцип како први така други…

Одма пресврт у друштво и промена на планови. Со сјај у очи као исполирани свадбарски ципелчиња порачавме уште една тура и опсервацијата на профили започна…

Прва просечна, втора ме нервира, трета ми седнала со грб у црна тачка ни профил слика неможам да и видам… четврта дозволила тоа сликите секој да и ги мањачи и со цицка ми пара очи дур се лигавам као куче на коска… не е за мене такво ороспииште!

Петта карактерна – одма бан, шеста ја одбра пацеров пред мене така да седма је дама овог ночи пошто осма немет!

И пуштам на оваа “мојава” френд риквест и добивам моментален аксепт со ишарет.

Започнавме краток чат и одоколу пробувам да опипам што човек е дур и мањачам профил… муабет ок, политички сваќања по мерка, рилејшншип статус – слободна, турбофолк баниран, венерични болести – нема.

Помина елиминациони тестови и веднаш почна у мозок да ми се мешаат брзини… ме опфати лажен занес што некои го нарекуваат љубов. Наравно у таков занес човек се понаша као слепец без стап па помина подолго време дур почнав да воочувам грешки у чекори.

Тоа светкањето уопште не било од некој заварувач со швајц апарат него од блицот на дигиталката… а у рука не вртела бројаница, него со мобилен чепкала фб. Дури и албум кренала од ноќта што сеуште трае… нешто као лајфстрим само со слики и многу лајкови од френдици.

Ја на неа лепа си као ѕвезда северница – она мене лајк на фризурата.

Ја сечам вени на песниве, она ми го лајка секој рефрен.

Кај се заебав да и пуштам комплимент демек колоритот на гардеробата и е укомпониран со ципелите… не ме остави да докажам ми фркна лајк на коментарот.

Ааааа нешто е труло у држава Данска! На оваа да и кажам дека фб ставаат дислајк батн ќе креира самоубиствен ивент и ќе си го лајкне самата.

Добро што е толку со лајковиве? – морав да прашам.

Не па ништо посебно… само ептен си ми лајкбл.

Е тука ми преври! Лајкбл да биде хејтер ко мене е неопраштлива навреда. Удрив кенсел френдшип и ја опратив у три лепе прелепе…

Еве ти голем лајк од мене – надрвен .!.

Инфо за Уметникот

avatar
Животниот патоказ му приреди безброј неуспеси во различни области и го примора среќата да ја бара во некои други димензии. Себеосознавањето се случи една ноќ кога немаше место во првомајскиот шатор. Од тогаш креативно твори во неколку форми...