ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Патникот

Патникот

– Вака не сум се чувствувала одамна… го разгори пламенот во мене… како не те сретнав порано…

Говореше нежно и непрекинато. Шепотот на моето уво беше единствениот шум, што ја прекинуваше долгата тишина во таа пролетна ноќ. Осамени на најубавото место во светот, скриени од луѓето но разголени пред месечината, ја милував со очите….

– Посакувам да сме вечно заедно… во добро и зло… да бидеш покрај мене кога утрото го раѓа денот…

Со треперлив глас ми ја претскажуваше судбоносната иднина. Во мене гледаше многу повеќе од совршенство, принц од соништата.

Ме замислуваше по изгледот, не по внатрешноста. Јас бев патник од нечии други соништа не принц од нејзините. Не знаеше.

Можеби затоа веруваше во него… патникот кој скита низ светот, врзан за окови таму некаде во минатото.

Копнееше за човекот кој срцето го подари на Друга… многу одамна.

Го љубеше безброј пати како што тој љубел само Една… многу одамна.

Направи се за него како што тој направи за Друга… многу одамна

Ја напушти како што него го напушти Една… многу одамна.

… за повторно таму некаде да сретне друга слична на Неа. Повторно да бидат осамени на најубавото место на светот, да ја милува со очите, да се сеќава на Неа… на Една… многу одамна.

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.