ќе пројде и вторник, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Плочникот

Плочникот

Замисли!

Со забрзани чекори одев по растресената калдрма кон единственото место на светот. Околните липи се беа разголиле во чест на љубовта, само за мене. Уживав во крцкавите звуци помешани со мирисот на есен и споменот од нејзиниот благ парфем.
Вардар чист и мирен како во најдобрите времиња, го одбиваше сјајот од безбројте сини очи на небото. Ветрот дуваше само во еден правец…

…до плочникот, што некои го викаат плато.

Па добро човече дали ти се верува у сево ова?!

Ни мене!
Да студирав компаративна, можда… вака, само клатам муда.

Се завртев у спротивен правец од судбоносниот и ја видов големата слика. Црвен тепих распослан до недоглед. На некои 20 метра од мене, шугава џукела душка у дрнчот од брзосмртно вино и вчерашен ручек. Пола Скопје го префарбав со повраќаница… ако ми текне, дури и мочав ту и таму.

Спастри се магаре едно! Нели вети дека више нема да идеш пијан кај неа!

Уствари ја не ни идам кај Неа.

Идам на плочникот, што некои го викаат плато.

Идам и дремам ко мисир. Буљам у прозор со надеж дека ќе отвори за да излуфтира од цигари.
А добро знам дека не пуши…
Понекад знам и дека спие, па ипак… застанувам да врзам патика баш тука. Тоа е местото кај што проверувам дали точакот дише… колку е саат.

Да се соберат минутите, саатите… ниедна автобуска не му е рамна на плочникот. Платото де.

Тебе тука треба да ти изградат биста. Не – споменик!

Замисли само: “Воинот што чека девојка која нема да дојде”.

Да, може и фонтана да има, но да ѕрнка стрикно блуз… лош блуз. Онаков блуз што до втор рефрен неможеш да си ја познаеш омилената песна.

Чекај има уште! И кога врне и на минус дваесе да седиш тука свртен према нејзиниот прозор дур те серат врапци испод будното око на комшиите.

Ха, нема да ми биде првпат…

Се извади. Ај сеа баш да те видам како ќе свршиш?

Ко и увек… прерано.

Таков е крајот што не ни имал почеток друже. Глуп, без смисла со чудна поента. Збунет.

Ќе снемам цигари и фрлам задњи поглед у ролетна. Руска производња… 20 години мука нема. Успешно крие погледи од такви како мене, бЛузери.

Си пакувам у торба ронка надеж и три кила несоница пред да и речам чао. На ролетната.

Клептон ми праи друштво до дома…

Инфо за Докторот

avatar
Маалски шизик у озбилни години. Искусен стратег во заведувањето на женки. Доктор на науки со усовршени вештини во областа на женското меѓуножје.