ќе пројде и четврток, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Понекогаш…

Понекогаш…

Понекогаш, пред да заспијам, го запирам времето како што го правев тоа некогаш.
Датумот е различен, причината иста.
Сеуште уживам во секој миг поминат со тебе, далечна, но сепак блиска за мене.
Прикриена позади каменот во моето срце, една и единствена.

Понекогаш, кога спијам, те сонувам тебе како што те сонев некогаш.
Сонот е различен, ти си иста.
Сеуште со прстите ја милувам твојата коса, толку дива, но сепак нежна за мене.
Те гушкам под ѕвездите, таму на небото, една и единствена.

Понекогаш, кога станувам, ми фали добро утро како некогаш.
Девојката е различна, кафето исто.
Сеуште паѓам на насмевка, можеби цинична, но сепак искрена за мене.
Те испраќам дома, само во мислите, една и единствена.

Понекогаш, но не секогаш…

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.