ќе пројде и недела, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Различна

Различна

На небото ѕвезда ни преку телескоп… место бисерни школки на плажа сијаат пикавци и ѓубришта. По некој полузакопан камен кој ти крши прст по прст и песок во очи од кој и течат солзи по прашливото лице…

Ни трага ни глас од синиот поглед со прајслес насмевка…

А не беше вака у сите тие љубовни бестселери!

Таму ветрот и ја галеше косата, а јас одев по работ на обалата без да се плеткам у смрдлива тиња… шумот на брановите делуваше толку смирувачки и место да пљукам коса, долго уживавме во вкусот на секој бакнеж. Уопште не ни беше ладно, ја загреа кошулата што ја носев врз маица, која патем не беше препотена…

И како сега ја да бидам романтичен јунак?!

Криво ми беше…

– Рицар, нема везе…

Ама…?!

– Стварно, нема везе… ти си тука, во добро и лошо… нели?!

А не бев, многу пати не бев…

– Рицар, нема везе…

Ама…?!

– Стварно, нема везе… уопште не ми е битно… битно сега си тука!

А не бев, со мислите се давев во проблеми…

Знаев што следи, па побрзав да ја гушнам… ја потегнав без осет и ја стегнав најсилно… мислам дека коските и крцнаа.

Ме погледна, се насмеа и ми рече:

– Уживај, нема везе…

А имаше…

.

Тогаш сфатив што е љубов, ми го оствари сонот…

…на сон

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.