ќе пројде и вторник, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Снежната

Снежната

Беше тоа една зимска ноќ каде што и мразулците нависнати од околните покриви се чувствуваа ко педер у децембар на нордиско море.

Осамен помеѓу двете автобуски постојки чекав тројка ко по навика неколку саата. Не ми беше толку за ладното пошто прстите и така не ги осеќав одамна, ама ми се плачеше за цигариве што ги испушив – кутија швицарско малборо добиена на поклон од тетка ми. Брцнав у џеб да си го пребројам азното и констатирав дека за тие пари можам само да си го попушам сам на себе и притоа да ми падне незгодно што неам за бакшиш.

Пешки до дома не доаѓаше у предвид, дури и по цена да ме завие снег и утредента копиљаците да ми ставаат морков на незгодно место…

Не ми текнуе баш у моментов во кој правец ми заминаа мислите наредните 20тина минути, ама јасно се сеќавам дека ми ги прекина опасна кашлица од женска особа. Склупчена во ќош пробувајќи да се сокрие од ветрот, млада цурица презентира симптоми на смртоносна туберколоза.

– Аман бе што направи, црева искашла! (со други зборови ја прашав, ама во мисли ми се вртеше ова)

– Хех ништо, се закашлав, настината сум малце… фала на прашање.

Поштувам луѓе оптимисти, ама ова беше ептен нереално. Па ни комшијана мој легнат на смртна постела не кашлаше вака во последните мигови… се загрижив морам да признаам.

Сакав да и понудам палома, ама у џеб имав само едно книжуле превиткано у баклава, мислиш ланец од точак бришеле со него. Срамота беше да и го дадам, па го вратив таму кај што го најдов… може ќе видат аир некои идни генерации.

Сврзавме безвезен муабет колку да убиеме досада… па дури се опуштив и почнав да се смеам на нејзина сметка дека завиена со капа и шал ми личи на нинџа.

Ја орасположив со глупостите мои што не ми доликуваат на годините и речиси и да заборави на кашлицата. По се изгледа и стана интересно (до душа и немаше некој голем избор у ниедно време на минус, сама на автобуска) па го одврза шалчето и ја поткрена капата… сосем доволно за да се трансформира во снежна убавица. Тоа беше крај на активноста на моите и онака малку не смрзнати мозочни клетки… Се укочив и смрзнав надворешно, ама од внатре се топев као похован кашкавал… дури и снегот се стопи на метар радиус околу мене.

Плавите очи перфектно се уклапаа во снежната околина, додека устата ме предизвикуваше со руменилото кое посакав да го вкусам. Носот не и беше баш од бајките ама у споредба со мојот беше Том Круз, па не ни помислував да и го симнам епитетот Снежна Убавица!

Се гледаме така неколку секунди во слатка тишина и скриена насмевка го збори место нас тоа што сакаме да си го кажеме во недостиг на телепатска моќ и храброст преку зборови.

И таман…

…скапана петка ми паркира пред нос санос 76та со пробушена каросерија.

Се поздрави со гушкање чиј стисок значеше нешто поише од обично чао, влезе на задна врата и потпрена на стакло со тажен поглед на разделба се изгуби накај партизанска.

Тројка не дојде таа вечер, а ја Здравје оставив по автобуски низ годиниве… неа не ја видов.

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.