ќе пројде и четврток, а ти уште си ми скарана...
Доскочици:
Возови, магливи утра и куфер спомени

Возови, магливи утра и куфер спомени

Перон број 5. Утринска магла и тишина го испунува малиот град таму некаде. Микс на емоции, желби и скршени срца насекаде. Меѓу нив сум и јас. Полна торба спомени и празен новчаник се единствениот товар што го понесов. Сите ние имаме некоја причина што утрово чекаме воз, мојата е апсурдна.

Времето одминува. Уште малце тишината ќе биде нарушена од безброј возови, секој на своја страна кон своите соништа. Но не и јас. Мојата цел е поинаква. Бегам од лошите соништа со надеж дека ќе го пронајдам својот пат, таму некаде, во друга димензија и друга реалност.

Возот се загрева а тактот на локомотивата забрзува . Паралелно здивот на патниците смрзнува а срцето се поспоро бие. Не и кај мене. Ме облива топлина од дуплата голтка евтина ракија, додека помислувам на моето срце. Истото она срце кое го позајмив на Една, а го задржа вечно иако не го сакав тоа.

Последен поглед кон топлиот југ. Наеднаш куферот спомени доби на тежина и стана невозможно да го понесам со себе. Ме фати паника. Знаев дека нема враќање назад, бар не скоро… Неможев ни напред да идам со него, многу тежеше. Го довлечкав под едно дрво и го оставив под неговата сенка да не избледе од сонцето. Си ветив дека на враќање, дополнет со нови спомени ќе го земам и вратам таму кај што припаѓа, да не заборави од кај потекнува.

Локомотивата свирна, возот тргна, со него и јас.

Да имав срце сигурно ќе го оставев овде,

си реков,

и заминав..

Инфо за Рицарот

avatar
Лик кој со своите доблести на рицар како мажество, верност, куртоазност и чест се бори во име на љубовта и секоја навидум обична девојка ја трансформира во принцеза.

Еден коментар

  1. avatar

    Аххх тој убав романтицизам и идеализам…